„Пандемијата секако постои, ама ај да не ја кривиме директно пандемијата, бидејќи не е напишано во камен дека со неа моравме да се справиме на начинот на кој се справивме,“ порачува Бил Маер.
Што се однесува на последиците, не во однос на човечки жртви од ковид-19, туку најразлични сегменти од секојдневниот живот во САД, ситуацијата е следна:
- Пандемијата збриша 2 децении напредок во математика и читање.
- Анксиозноста и депресијата се значително пораснати.
- БМИ е зголемено за два пати кај деца од 2 до 19 години.
- Предозирање од дрога и убиства значително зголемени.
- Инфлацијата е највисока во изминатите 40 години.
- Раст на домашното насилство.
- Раст на бројот на сообраќајки.