Неодамна воведените тројазични предупредувања во врска со штетноста на цигарите на нивните пакувања двоструко дискриминараат одредени националности во Босна и Херцеговина; првенствено оние на Бошњаците и Хрватите заради неможноста на препознавање на сопствениот јазик помеѓу двата понудени; како второ, на Бошњаците им се ускратува можноста како писмо на свое јазично изразување да го консумираат кириличното.
Освен димензијата на дискриминација, потребно е да се нагласи и онаа која се однесува на самото изложување на ризик на оние потрошувачи кои не се во состојба да ги премостат ваквите јазични бариери, односно да се носат со вака конфузно структурираните пораки.
„Тројазичното" предупредување имено гласи:
1. Pušenje ubija
2. Pušenje ubija
3. Пушење убија
Затоа, во име на потрошувачите и наброените народности, бараме од надлежните институции во најкраток временски рок да го редефинираат текстот и да ги избегнат дискриминаторските и загрозувачки последици. Нашиот предлог се однесува на можноста надлежните институции пред секоја ваква порака да допечатат кратенки кои се однесуваат на јазикот (односно, да го дефинираат јазикот за кој станува збор), и да додадат кирилично напишана порака на босанскохерцеговски јазик, нешто од типот:
HR: Pušenje ubija
BH: Pušenje ubija
БХ (ћир): Пушенје убија
СР: Пушење убија
Со оглед на можноста некои детали да сме превиделе или да сме изоставиле, ги повикуваме заинтересираните да ни се придружат во заедничкото смислување на нова концепција, и така да придонесеме за правoта на етничка и јазична припадност, што на крајот ќе резултира со посигурно и посамосвесно пушење.
На крај, да го поставиме и прашањето - зошто е изоставен ромскиот јазик, можеби Ромите не треба да знаат дека и нив ги „убија"?
Амар Нумановиќ
Хамза Риџал
Малик Пашиќ
Матија Бошњак
Неџмина Шета
Бонус: Предупредување кое можеби би било покорисно, на сите можни јазици