За време на гостување на еден поткаст, Редфилд изјави дека ковид-19 е „намерно создаден како дел од програма за биолошка одбрана.“
Тој сега смета дека не мора да значи дека Кина го создала вирусот, и верува дека таа направила се што може кога сфатила дека има проблем. Според него, САД имале „суштинска“ улога во развивање на вирусот.
Редфилд го прозвал научникот др. Ралф Барик од Универзитетот во Северна Каролина, кого го нарекува „научниот мозок“ зад целата операција.
И покрај ова, Редфилд не верува дека вирусот бил намерно пуштен од Кина.
Тој го критикува и пристапот кон лекувањето на вирусот, кој според него се должи на тоа што цело време се води како вирус налик САРС, „а проблемот е што ковид на ниту еден начин не наликува на САРС.“