Земете го, да речеме, најпознатиот марксов опис на суштината на комунизмот: "Секој според можностите, секому според потребите". Нели совршено прилега за креветски ситуации?
Пред нас се насловни страници од една Тумблр сметка насловена како Космарксполитан. Очигледно, се работи за микс на два жанра - маркистичка идеологија, сместена во калапот на најпознатиот женски магазин на светот.
Па се добиваат бравури на тема револуционерни покличи (Вива ла ерексион!), кинески мудрости (Црна или црвена кола?) и забавни спојки на двата света (Мојот живот како револуционерен шопахолик, Како да го уништиш капитализмот додека вежбаш, 10 начини да го задоволиш урбаниот пролетеријат) и сл.
Дизајнот - спие.