Закерберг писмото го пишува до Комитетот за судство на Претставничкиот дом на САД, како одговор на истрагата кој е започната околу цензурирањето содржини на он-лајн платформите.
Тој пишува дека високи функционери на владата на Бајден вршеле притисок да се цензурираат одредени содржини околу ковид-19, вклучително и ако тие биле хумор и сатира, и „изразиле многу фрустрација“ кога социјалните мрежи го одбиле тоа.
„Мислам дека притисокот од владата беше погрешен, и жалам што не бевме поотворени околу тоа.
Уверен сум дека не треба да ги компромитираме нашите стандарди за содржина заради притисокот од која било Администрација во кој било правец. И ние сме подготвени да одбиеме ако вакво нешто повторно се случи,“ напишал Закерберг.
Тој исто така жали и за тоа што ја скрил веста од Њујорк пост за Хантер Бајден пред изборите во 2020, за која ФБИ ги предупредил дека може да е руска дезинформација.
„Од тогаш стана јасно дека веста не беше руска дезинформација, и гледано од сегашна перспектива, не требаше да ја скриеме веста,“ пишува Закерберг.
Од Белата куќа одговориле дека во времето на пандемијата само побарале од социјалните мрежи одговорно да се однесуваат.