Таг: марк закерберг

Закерберг почна да подмачкува кај Трамп

По филмското враќање на Трамп во Белата куќа, сосе избегнувањето и затвор и убиство, Закерберг реши дека треба со добро да го почне вториот мандат на американскиот претседател па одлучи да ја спонзорира неговата инаугурација.

Закерберг жали што цензурирал ковид содржини под притисок од Белата куќа

Првиот човек на Фејсбук во писмо до американските власти порачал дека посакува да бил многу поотворен околу администрацијата на Бајден и нејзините притисоци да се цензурираат содржини за време на пандемијата.

Белата куќа како уредник на Фејсбук

Советници од Белата куќа извршиле директен притисок врз Фејсбук да цензурира содржини кои не им биле по мерак, покажуваат документи објавени од американскиот Конгрес.

Што знае Фејсбук што се сто милијарди долари

За овие три години Фејсбук смени име во Мета во чест на Метаверс, инвестираше толку многу пари што е во загуба и што им ја бутна вредноста на акциите, ги мина сите знајни и нејзнајни патишта на пиарот само за да го промовира Метаверсот, и на крај сè пропадна во моментот кога луѓе можеа да направат човечки муабет со ЧатГПТ.

Закерберг тивко го закопа Метаверс?

Метаверс кој требаше да биде иднината на Фејсбук, иднина на која само минатата година компанијата потроши 13,7 милијарди долари, најверојатно ќе биде сведен на спореден проект на Мета, а неговото место ќе го заземе нешто што ќе биде на тема вештачка интелигенција што ќе вклучува и Мета варијанта на ЧатГПТ.

Закерберг, пепел

Реалноста е дека Закерберг за 13 месеци има изгубено над 100 милијарди долари од вредноста. Исто така реалност е и дека сега ќе треба да живее со само 38 милијарди долари. Негово е да одбере која реалност ќе ја сфати посериозно.

Закерберг изгледа како да може да те истепа

На гостувањето кај Роган, Закерберг спомна дека тренира различни ММА вештини и како посебно му се бендисало бразилско џиу-џицу. Сега на интернет се појави видео од неговите тренинзи, и изгледа како на Закерберг да му инсталирале апдејт за тепање.

6 причини зошто Мета е во сериозни проблеми

Во најголемиот пад во историјата на компанијата, Мета (новото име на Фејсбук) за еден ден изгуби 26% од вредноста на акциите или некои си 230 милијарди долари. Крахот следуваше откако беше објавено дека во претходниот квартал Фејсбук не ги заработил очекуваните пари.

Метаверс за плебсот, Хаваи за Закерберг

Додека за седумте милијарди луѓе на планетава гради дигитален свет во кој ќе можат непрестајно да уживаат без да мрднат од пред компјутер, Закерберг реши да не им го троши Метаверсот на другите и за себе во многу реалниот живот докупи уште 44 хектари (445 илјади метри квадратни) од хавајскиот остров Кауаи.

На обезбедување на Закерберг потрошени 23,4 милиони долари

Рекордната сума е потрошена во година кога цел САД, а и остатокот од светот, беше затворен и Закерберг немаше каде да мрда.

Закерберг има луѓе за дување под мишки кога е нервозен

Пред јавни настапи, како сведочење пред Конгресот, блиските соработници му дуваат под пазуви на Закерберг за да не му се познаваат кругови од пот, е извадокот од се уште не објавената ретко детална книга за Фејсбук за кој сите се фатија.

Сорос: Веднаш тргнете го Закерберг од Фејсбук ако не сакате Трамп да победи

Во кратко и остро писмо до Фајненшл тајмс милијардерот инсистира Марк Закерберг и неговата десна рака Шерил Сандберг под итно да бидат отстранети од раководните улоги во компанијата, или во спротивно Трамп ќе тера и втор мандат.

Отворено писмо од Аарон Соркин до Марк Закерберг

Фејсбук не ја брани слободата на говорот, туку ја напаѓа вистината.

Дали Закерберг ќе лежи затвор?

Нов американски закон во основа предвидува дека директори на технолошките џинови треба да бидат одговорни за постапките на својата компанија.

За разлика од обично, сега некој го шпионираше Марк Закерберг

Во јавноста протекоа околу 2 часа снимано аудио во кое Марк Закерберг, налик почетокот на секој филм за подемот на масовен глобален култ, ги регрутира своите вработени за идната борба против критичарите, конкурентите, американската влада и што и да е останато што ќе му застане на пат.

Што сака Закерберг цела своја кариера

More, Grow, More, More, Grow, More, Grow, More, More, Grow, More, More, Grow. More, More, Grow, More, More, Grow, More, More, Grow, More, Grow, Grow...

Фејсбук треба да биде казнет 30 милијарди долари за да ја сфати пораката

Како што САД се подготвуваа да го казнат Фејсбук со 3 до 5 милијарди долари за нарушување на приватноста, така се рашири веста дека компанијата веќе има ставено на страна 3 до 5 милијарди долари наменети исклучиво за казната. Дел од размислувањата се дека уште една нула во казната многу ќе заврши работа, бидејќи сегашната сума ништо нема да смени.

Фејсбук плаќа 20 милиони долари годишно за лично обезбедување на Закерберг

Она што Фејсбук радо го кажува е дека Закерберг добива годишна плата од 1 долар. Она што Фејсбук го кажува затоа што со закон е обврзан да го направи тоа е дека плаќа 20 милиони долари за личното обезбедување на Закерберг.

Зошто основачите на Инстаграм си дадоа отказ во Фејсбук?

Вајард деновиве објавија репортажа од 12.000 зборови за изминатите година и пол во Фејсбук, за која е разговарано со 65 сегашни и поранешни вработени. Сосема споредно, од репортажата може да се направи и тајмлајн за заминувањето на луѓето кои го создадоа Инстаграм, Кевин Систром и Мајк Крајгер, од Фејсбук.

Човекот што продава камери за сечиј дом, изјави дека не сака да има камера во сечиј дом

Повторно кружејќи околу Фејсбук и приватноста на корисниците, Закерберг се напенали кога фати да објаснува дека постојаното пазење на корисниците на крај може да изгледа како Фејсбук да има камера во сечија дневна. Исто така, Фејсбук Портал за 199 долари.

Закерберг пропуштил шанса да има сопствен Мекдоналдс наместо да се мачи со Фејсбук

Пред да запише колеџ, Марк Закерберг добива понуда од својот татко Едвард, да бира дали сака да оди на Харвард или сака да води сопствен Мекдоналдс по франшиза.

Заблудата на Марк Закерберг за согласноста од корисниците

Според него корисниците сакаат реклами скроени за нив. Според корисниците, тоа не е точно.