Ова е второ купување земјиште на Закерберг на Кауаи годинава, и за овие 44 хектари шуми и земја тој има платено 17 милиони долари. Во новата парцела е вклучен и еден век стар резервоар за вода што е користен од локалците.
Претходно март, Закерберг плати 53 милиони долари за 240 хектари земјиште.
Сите овие парцели се лепенка на неговиот првичен ранч на Кауаи од 300 хектари што го купи во 2014. По последните набавки, ранчот на Закерберг има површина од над 600 хектари или нешто помалку од цел Чаир.
Локалците ни најмалку не се среќни со појавата на Закерберг кај нив на остров и масовното купување земјиште. Двете страни веќе имаат разменето тужби, плус го обвинуваат милијардерот за „неоколонијализам“ и „нова монархија“.