Блумберг ривју во пред-премиерното прегледување на книгата наведува анегдота како директор за комуникации на Фејсбук му дува под пазуви на Закерберг за да не му се познава потта од нервозата, како пример за тоа дека ЦЕО-то на Фејсбук е обземен од впечатокот што јавноста го има за него.
Од сите работи што се наведени во рецензијата, анегдотата доби доволно влијание во јавноста за портпаролката на Фејсбук да коментира за сторијата, објаснувајќи, меѓу другото, дека „тоа (дувањето) најверојатно било направено на барање на тимот за комуникации“ и дека „секој што некогаш носел сива маичка го разбира проблемот.“
Откако го прозваа се огласи и првиот човек на Твитер, Џек Дорси, кој изјави дека никогаш не побарал вакво нешто „но со задоволство би му го овозможил тоа на нашиот тим за комуникации ако побараат.“
Автор на книгата „Facebook: The Inside Story“ е Стивен Леви, уредник на Вајард кој со години пишува за Фејсбук. Тој за книгата наводно има пристап до дневникот на Закерберг од 2006, а книгата содржи интервјуа и со други поранешни и сегашни високи вработени на Фејсбук.
Освен Закерберг, сериозен дел од книгата е посветен на оперативниот директор на Фејсбук, Шерил Сандберг.