Деновиве на ДВД ќе излезе биографскиот филм за еден од најславните „спуштачи" во историјата на популарната култура, американскиот музичар Либерачи. „Зад свеќникот" е базиран на истоимениот мемоар на неговиот интимен пријател Скот Торсон. Британците по тој повод организираа анкета за историски најсмешните навреди.
Според 2,000 испитаници, најотровен коментар на сите времиња е оној на Винстон Черчил (патем, добитник на Нобелова за книжевност од 1953), кој најверојатно бил упатен кон лејди Астор, првата жена пратеник во Британскиот парламент токму од неговата партија. Откако таа го обвинила дека е „исклучително пијан“ премиерот од редот на конзервативците изјавил: „Драга моја, ти си грда, и не само тоа, туку исклучително грда. Утре јас ќе бидам трезен, а ти и понатаму ќе бидеш таква."
Сведок на ваквата размена наводно бил еден од телохранителите на премиерот. Но Черчил е единствен кој на овој список на најсмешни навреди е два пати - неговиот втор коментар бил упатен кон лорд Прајви Сил, кој му се јавил додека бил на ВЦ-шоља. „Кажете му дека во моментов можам да излезам на крај со само едно срање", дофрлил нобеловецот од тоалетот.
На листата се и модерните „мудреци" од типот на Ноел и Лијам Галагер од „Оејзис". Лијам е застапен со коментар во однос на писателските амбиции на Викторија Бекам - „Таа не може да џвака мастика и истовремено да оди право, а не па да напише книга".
Војната на зборовите помеѓу јавните личности е извор на сеир и забава за публиката, а својата долга традиција ја продолжува и со современите мајстори на полето. Еден од нив е и американскиот претседател Обама, кој е исто така на списокот. Како одговор на шалата на Сара Палин дека единствената разлика меѓу питбул и северноамериканската жена од средната класа (наречена soccer mum затоа што постојано ги развозува децата на различни спортски активности) е карминот, тој одговорил „Можеш да ставиш кармин на свиња..тоа и понатаму ќе биде свиња".
Анкетата е направена во чест на Либерачи затоа што и тој самиот бил пис на уста. Кога добил некаква лоша критика изјавил: „Фала за забавниот осврт. Откако го прочитав..се смеев цел пат до банката".
Бонус: фамозната сцена од „Мамурлук“