Таг: навреди

Шкендија очигледно не ја признава Македонија како држава

А ќе дојде јули-август, па пак ќе се дурат како убаво го пречекале Милан или некој друг гигант и тоа благодарение на учеството во македонската лига која е полноправна членка на УЕФА и ФИФА.

Креативност во политичките навреди

Иако не малку сме горди на себе што успеваме да стоиме настрана од фекалиите кои го навасаа јавниот збор, од ужасот на сеопштото пцуење, вреѓање и вадење очи и од медиумската реалност во која дивеат психопати со портали и идиотизирана публика која мисли дека ако на некој директно не му ебеш све најмило и не го наполниш со говна - тогаш мора нешто да калкулираш, таквата „полемична сцена“ е толку сиромашна што мора и за тоа да се подели по некоја лекција.

Како се пцуе низ светот

Спомнување мајки и сестри, па дури и татковци. Гениталии и дејанија врзани со нив. Морони, мамини мази, магариња и кучиња. Има нешто универзално во навредите, од Кина, преку Етиопија до Европа.

До курца со фашисти и предавници

"Сакаме цивилизирана дебата", крикнува текстот кој следува а се однесува на една многу наша ситуација. Едните се предавници, другите се фашисти а меѓу тие два рова, бришан простор во кој гинат сите други. Препорачуваме да читате до крај. 

Во Канада не простуваат примитивизам

Навивачот на фудбалскиот клуб Торонто Репторс, Шон Сајмос (во жолт дрес на Арсенал) бил избркан од работа, поради вулгарностите што ѝ ги кажа на репортерката Шона Хонтс во живо. Се правеше важен, но откако колегите од работа го препознале, го пријавиле целиот случај кај директорот на компанијата Хидро каде Сајмос работел.

Навредувај како Шекспир

Кога умееш со зборови, те бива и да кажеш „те сакам" на сто начини, но и да отераш на толку софистициран начин што некој може да помисли дека му дaваш комплимент. Шекспир бил махер за ова.

Мајстори на навредата

Уметноста на „спуштањето" е токму тоа - вештина која произлегува од нечиј табиет, но која и се бруси во текот на годините, збогатена со животно искуство и мотивација да се возврати во вербалниот пинг-понг. Еве неколку одлични примери, какви ретко среќаваме во бледите расправии помеѓу нашите јавни личности.

Вербалната одмазда на Стивен Фрај

Извесен Тим Вокер, новинар во британскиот „Телеграф", напиша текст во кој го обвинува Фрај дека не e aвтор на сопствените твитови. Сиротиот, да знаеше што го чека, може никогаш немаше да го стори тоа.

И навреда, и разгледница

Успехот на електронските картички од типот на Wrongcards, кои содржат саркастични а понекогаш и навредливи пораки до оној кому му се упатени, може да се објасни со малиот злобник во секој од нас. Но ова е поинакво - молиш некого да те хејта. Ама со посебно изработена разгледница само за тебе.

Уста што бара сапун

Карл Лагерфлед важи за еден од најексцентричните но и најсуетни луѓе во светот на модата. Кога пулицерова новинарка оцени дека е преценет, тој возврати дека не чул за неа а нејзиниот Њузвик го нарече "мало посрано весниче". Претходно ги навредуваше Адел, Хајди Клум, Русите, Грците...

Рудан го нарече новинарот на ХТВ „надркан"

Хрватската писателка и блогерка Ведрана Рудан, позната како жена со депилиран јазик, понекогаш знае и да ги премине границите на добриот вкус. Вчера таа беше главна ѕвезда на емисијата „Пулс на Хрватска", а во неа без очигледен повод таа му се пушти на водителот ко пит бул на мачки.