Во статија под наслов „Дали Стивен Фрај сам си ги пишува твитовите", Вокер како главен аргумент за своето тврдење дека шестте милиони следачи на Фрај всушност комуницираат со некој друг, наведува некоја ситуација во која тој го видел Фрај во кафана задлабочен во муабет, додека на Твитер истовремено фрчеле пораки од него.
„Доколку актерот навистина одлучи да се откаже од социјалната мрежа, јас прв ќе се израдувам", вели Вокер, наведувајќи и спротивна ситуација на наведената, кога Фрај во некое ќоше твитал отровни коментари за неговиот домаќин, новинарот Петар Хиченс - на комеморацијата по повод смртта на неговиот брат, Кристофер!
Но почнувањето натпревар во навреди со Фрај значи сигурен пораз. Тој веднаш напиша текст на неговиот блог во кој се редат бисери од овој жанр. Еве само неколку од нив, како инспирација за некои идни расправии на нашите социјални мрежи.
„Страшило од внатрешниот круг на анусот на Сатаната"
Значи внатре анусот на Сатаната постои пекол внатре пекол. А тој внатрешен круг, веројатно аналоген на најморничавиот круг од пеколот на Данте, каде живее никој друг туку Јуда Искариот, е дом и на Тим Вокер.
„Мозок на лоботомизирано магаре"
Неколку научни студии ги истражувале постапките на лоботомизираните магариња, но излегло дека тие ја комбинираат нивната традиционална тврдоглавост со тоталното отсуство на моќ на разбирање на светот. Фрај можеби сака да каже дека луѓето кои пишуваат за Телеграф страдаат од овие два столба на идиотштината, но оваа врска е тешко да се воспостави.
„Тој успеа да излачи полу-писмено гомно од трач"
Веројатно тоа е лачењето кое произлегува од спомнатиот ректум на Сатаната. Вокер врши нужда од внатрешниот круг на ректумот, кон пеколот. Тоа му доаѓа како слика на Ешер.
„Човечката бубашваба на Телеграф"
Не се знае што е понавредливо за Вокер, дали она со Сатаната или ова со бубашвабата. Затоа Фрај оди со двете.
„Кој знае што се случува во празниот простор во кои капат киселини помеѓу ушите на толку примитивните организми, кои се навреди на ДНК"
Вербален напад кој е толку кај што има ефект на истата таа спомната киселина. Па размислете пред да го употребите, само одбрани заслужуваат ваков раскош од метафори.