Оскар за најдобри костуми заслужено доби 65 годишната Британка Џени Бивен за нејзините футуристички чудесии во Мед Макс. Се појави облечена како што ѝ е комотно и толку ги збуни присутните што некои заборавија на аплаузот. Заради тој "проблем", на Стивен Фрај му се згади Твитер и го суспендираше својот акаунт.
"Киндл ќе ги загрози книгите колку што ескалаторите ги загрозија скалите" и други ствари од човекот познат по својата прецизна мисла, остар јазик и биполарно однесување (заради кое е на терапија за да ги контролира драстичните промени на расположението).
Извесен Тим Вокер, новинар во британскиот „Телеграф", напиша текст во кој го обвинува Фрај дека не e aвтор на сопствените твитови. Сиротиот, да знаеше што го чека, може никогаш немаше да го стори тоа.
Одвреме навреме страда од биполарно пореметување, инаку е брилијантен актер, автор, писател, комичар, тв лице и директор на фудбалскиот клуб Норвич Сити. Од Црна Гуја наваму, ретко утнал работа.
Британските херои на комедијата се луѓе кои сакаат животот да биде подобар и на кои животот им се има посрано од страшна височина и чие чувство за достоинство е постојано компромитирано од разочарувањата што им ги приредува светот, објаснува Стивен Фрај.
Грците ја обновија иницијативата за враќање на рељефите од Партенон, со отворено писмо до Дејвид Камерон. Познатиот британски комичар и писател се придружува кон идејата.