Џени Бивен има 8 номинации и два Оскара, за "Соба со поглед" (1985) и сега за Мед Макс. Наградата ја подигна во својата стандардна облека, шал и ефтина јакна од скај (Marks & Spencer) а имала и проблеми со кондурите (рече дека ѝ падналe светките).
Али кул, најкул (освен Ињариту кому ваквото дигање веѓи му е прв јавен жолт картон):
"Па, знаеме како изгледам, стара, ниска и дебела. Изгледам ужасно во елегантен фустан", изјави Бивен.
А контроверзата изби пред две недели на наградите Бафта кога Стивен Фрај рече дека знае за една прекрасна дизајнерка која на Оскар ќе се појави како торбарка (bag lady).
Твитер заедницата ова го начека на клоци па на долго и широко расправаше за моралноста и други големокалибарски теми. Џабе и двајцата повторуваа дека се и пријатели и соработници и дека нема лутиш и дека сè е зезање.
На крајот Стивен Фрај се откачи од Твитер опишувајќи го како "a stalking ground for the sanctimoniously self-righteous".
Оскаровските костуми на Џени Бивен изгледаат вака: