Off.net.mk - внатрешни препукувања

Женското лоби на офф.нет неодамна изведе подмолен десантен удар и преку уредничката на Букбокс, на нашата насловна подметна апел до читателките да испраќаат слики од мажи кои – види богати - читаат!

Кризниот штаб на нашата мачо Г5 група на полноќ заседаваше за да ја разгледа оваа алармантна појава и под дејство на пиво и ќебапи донесе едногласен заклуок дека апелот е нефер бидејќи ја руши со мака стекнатата претстава за нас мажите како дунстери чија карма е да чмаат пред телевизор и да се чешаат за јајца.

Бидејќи ситуацијата налагаше итни контрамерки, ги замоливме нашите браќа читатели да испраќаат слики, со подеднакво научно- фантастична тема како онаа со мажи кои читаат.

Објаснување:

Не, не е поентата што горенаведените женски се голи, згодни, пожелни и алудираат на нашите катадневни фантазии. Тоа НЕ е она што тематски ја поврзува оваа раритетна фото галерија.

Ѕирнете ги уште еднаш.

Сфаќате ли дека сите женски - до една! - се со затворена уста?

22 мај 2012 - 12:49