Видов дека се потпишува петиција, студентите бараат да им останат неоданочени 6.600 евра приход годишно, а овие новиве им го спуштиле износот на 2.000 евра. Се потпишав. Сочувствувам со клинците, но... Што значи "петиција"? Кога во историјата "петиција" нешто сменила? Нема нешто друго во Хрватска што ми иде повеќе на курац од младите. Откако постои Хрватска - мислам на ова срање кои накои го нарекуваат држава - младите ги заебуваат, ебат и силуваат.
Мораат да плаќаат студирање, не можат да дојдат до пристојна работа, работодавците им прават што им текне, прифаќаат да црнчат за 390 евра месечно, потпишуваат договори за работа на 24 часа... Никогаш досега се нема случено на некој хрватски плоштад да се собере група луѓе, да речеме 5.000 лица стари од 18 до 25, да запалат 50 контејнери, зградата на парламентот и владата. Не, никогаш не ги сочекаа пратениците и пратеничките, тој неописив човечки шљам, и да ги премлатат со шипки на плоштад. НИКОГАШ!
Младите во Хрватска без конкуренција се најмалтретираната група луѓе. Немаат ни елементарни човекови права. На работа, образование, кров над глава, здравје... Власта ги ебе на милион начини а тие или молчат и трпат и црнчат или пак бегаат. Нашите клинци се кукавици, безмудаши, пизди. Единствено што знаат е да врескаат по фејсбук, да се закануваат со празни пушки, да потпишуваат петиции а потоа од старите да грабнат некоја илјадарка и да зашибаат накај Ирска.
КОЈ ВИ Е КУРАЦ? Јас сум стара, новата власт и мене ќе ми набие данок на хонорари иако пензијата ми е 260 евра, ама јас сум сигурна дека, ако бидам во прилика, на Пленковиќ или на некој од тие пленковиќи ќе им истурам варикина во фаца. Додуша, ќе кажете, што па ти на прагот на 70 години можеш да изгубиш? И да завршиш во ќумез ќе бидеш во добивка. Државата ќе ти плаќа стан, храна, режии а слободата на движење и онака ништо не ти значи затоа што поради артритисот едвај се движиш.
За тоа ви зборам, клинци. Секогаш за себе си наоѓате алиби. Затоа што сте глупи и затоа што наседнавте. Ви се дига курот на приказни за усташи и четници, ги голтате приказните за херојската татковинска војна. Не знаете дека Хрватска денес има едно десет пати повеќе "херои" отколку што ги имаше во 91-ва и дека тие "херои" многу добро знаат да се изборат за своите интереси. Со нив нема лабаво. Ако не им дадеш бенефиции, станови и пензии на нивни 40 години, веднаш дигаат шатори, ставаат плински боци сред улица и се закануваат дека ќе го дигнат градот во воздух.
А вие, дркаџии? Пишувате петиции? Кому? На Пленковиќ? Го боли Пленковиќ за вас. Него го занима како да ја купи ИНА а и тој и Американците да бидат задоволни. И како да ја продаде водата, па воздухот, па шумите... Го боли него курац за вашите проблеми. Му пишувате и на шефот на Мост. Ха, ха. На тој поп без мантија најголемо гајле му е како да си изгради куќа со најниски камати, како за викенд со службена кола со ротациони светла да се шибне во Метковиќ и таму како некој психо, врз платата да заработи уште пари па сето тоа да го прикаже како љубов према малите дечиња. На нашите политичари пари никкогаш не им се доста. Родена мајка би ја опнале за 10 евра.
Клинци, размислете, размислете добро, кој курац ќе ви е петиција? Не бидете фејсбукирани, зграбете в рака било што тврдо. Палица, талпа, навлечете пајсер на раце, ако така се вика она челилното, и тргнете веќе еднаш.
Да ве ебе Фејбук.
Да ве ебе петицијата.