„Има многу привлечни мажи во светот, но за жал ретко кој од нив е страсен читател", вели воведот на Hot Guys Reading Books, блог кој објавува фото докази дека мажи со таков опис реално постојат. И кој покажува дека тоа на некои жени им е важно.
Овој дечко работи некакво истражување, и не само што чита, туку и со лева си фаќа белешки. Според неговата девојка, тој исто така готви и ѝ купува цвеќиња од пазар. Уф! И после немало добри слободни мажи по светов. Е, немало.
Маж во униформа чита книга. Да повториме - маж во УНИФОРМА.
Ова не е Хавиер Бардем туку Јорго, кој кога ја испратил фоткава се пожалил дека жена му (зад камерата) често гледа по други мажи. Ц-ц-ц, некои се стварно неблагодарни.
Типов ја чита „Синдикатот на еврејските полицајци" на Малдивите. Значи сака трилер, акција, а-у, авантура. Фино, ама зошто со прстето врти при крајот на книгата? Нема трпение да дознае кој е убиецот? Ааа, не така, со иле.
Под сликава пишуваше: „Томас му дава шмек на западниот брег на Франција". Уште ако е и самиот Француз, може да чита и телефонски именик, и пак да мислат дека е интелектуалец.
Ако познавате локални фраери кои дома имаат повеќе од една книга, сликнете ги во компромитирачкиот акт на читање. Испраќајте ги на Букбокс, па ќе ги ставиме на гласање. И фотографот и дечкото на фотката ќе добијат награда. И за секој случај ќе го испрашаме, да се увериме дека не е само позер.