Таг: избор

За Роналдо да влезе во тимот на годината, УЕФА сменила шема и го исфрлила Канте

Јасно е како ден дека фудбалот веќе подолго време е суров бизнис, ама ретко кога главната фудбалска унија си дозволува очигледен и намерен привид, со цел поголема популарност и атрактивност.

Јака родова еднаквост, слабо математичарки

Колку подобро една земја стои со родовата еднаквост и поддршка за жените, толку жените во неа помалку бираат професии поврзани со науки и математики. Звучи парадоксално, ама, има логика.

Невреме, молњи, суша, кал: природните појави и книжевноста

Со глобалното затоплување присуството на фиктивните (а толку реални) суши, урагани и поплави во книгите најверојатно ќе се зголеми. Еве од кои претходни дела кои зборуваат за временски (не)прилики би можеле да се инспирираат.

Кои се најубавите нови стадиони во светот

Сајтот Stadiumdb спроведе гласање за да го избере најдобриот нов стадион на светот изграден (или реконструиран) и пуштен во употреба во 2016-та. До 4. март секој може да учествува во гласањето за еден од 29 стадиони претенденти.

Тајсон Фјури избран за боксер на годината

Реномираниот весник The Ring кој од 1928-ма ја врачува наградата за најдобар боксер на изминатата година, во конкуренција на Флоид Мејведер јуниор, Саул Алварез, Генадиј Головкин и Роман Гонзалес го избра Британецот Фјури.

Најдобрите филмови во 2015

Влатко е филмољубец, но и ентузијастичен промотор на заедничкото гледање и дискутирање филмови. Секоја среда во МКЦ бира што ќе се гледа во Филмскиот клуб Лале (оној истиот што претходно беше во Менада), а сега ни го претставува неговиот избор најдобри филмови во 2015. Некои сме ги гледале и сме пишувале за нив, а некои едвај чекаме раат да ги видиме за празниците.

Најважните македонски книги објавени во 2015

Една од работите за кои сами себе си замеруваме секоја година е што недоволно сме ги следеле македонските автори и нивните нови книги. За тоа имаме грст оправдувања - од тоа дека денот има 24 часа а дека ова е човек-рубрика, преку тоа дека често сме се разочарале од она што стои помеѓу корици а е напишано на македонски па дуваме и на книжевен јогурт, до - најважното - дека немало кој да ни каже што вреди и тоа да е навистина така.

Кои беа книжевните трендови во 2015?

Иако ни е тешко да сфатиме кога (по ѓаволите) помина уште една година, списоците за „нај" нештата во 2015 почнаа да пристигнуваат. 

Моќта на „доволно добро"

Потрагата по „најдобриот од сите можни светови" е сигурен начин како да се откажеш и од она малку животна среќа којашто ти следува. Многу подобро поминуваат оние коишто наместо многу да бираат, уживаат во она што е „сосема ок", исто како тоа да е совршено.

Да се има дете, или не?

Дилемата да се имаат деца или не кај обичниот човек варира меѓу решенијата а) да и б) не. Сè додека во муабетот не упадне филозоф (и тоа жена), кој ќе ти објасни дека се работи за епистемолошко-трансформативно искуство.

Најзгодниот дечко кој чита

Иако не одредивме рок, некако осетивме дека токму денес е добар ден да се објават резултатите од акцијата „Ем згодни, ем начитани“, во која ве повикавме да испраќате фотографии од згодни дечки кои читаат.

 

Ем згодни, ем начитани

Во обид за барем делумно балансирање на родовото фенг-шуи на сајтот, и по барање на нашите читателки, избор фини дечки, што читаат, и тоа книги. Плус повик за испраќање ваши слики - таа со најзгодниот читател според вашите гласови ќе биде наградена.

Што чита Медлин?

Фино е понекогаш да се види политичар, па макар и бивш, што чита, а тоа да не е од „идиот". Еве ги книжевните преференци на Медлин Олбрајт. Малку се конзервативни, ама барем жената си е доследна. Плус „Војна и мир“ на ридер? Фраерски, нема што.

Најомразениот збор во англискиот e...

Минатата недела Њујоркер ги повика своите читатели преку Твитер да ги наведат зборовите од кои радо би се отарасиле. Победникот (или повеќе, губитникот) е еден навидум сосема невин и прост збор - slacks, или вид широки пантолани.