1 "Birdman"
Alejandro González Iñárritu, САД
Триумф на секоe креативно ниво, од идеја, од кастинг до продукција.
2 "The Second Mother"
Anna Muylaert, Бразил
Вешто направен и шармантно смешен филм на Аnа Muylaert
3 "Son of Saul"
László Nemes, Унгарија
Сауловиот син не е само добар филм, туку и значајна и предупредувачка приказна.
4 "Taxi"
Jafar Panahi, Иран
Има нешто прекрасно во сцените, во стилот, во духовитиот начин на откривање суштински нешта... и не само на иранското општество.
5 "Whiplash"
Damien Chazelle, САД
Вистинска реткост да се види филм направен со толкава љубов кон музиката.
6 "Youth"
Paolo Sorrentino, Италија, Франција, Англија
Иронична, екстравагантна филмски опера на Паоло Сорентино, нуркање во славењето на страста... вистинско кино-задоволство.
7 "Koza "(Goat)
Ivan Ostrochovský, Словакија, Чешка
Она што е магично во врска со овој филм е поразот. Боксот и рингот се само простор во кој сè станува полошо.
8 "Victoria"
Sebastian Schipper, Германија
Едно од волшебните доживувања на големото платно годинава...
како малите одлуки водат до големи последици.
9 "Eisenstein in Guanajuato"
Peter Greenaway, Холандија, Мексико, Финска, Франција
Губење време?... Да, за оние што никогаш нема да го разберат Гринавеј, како борец за слободата на филмскиот израз.
10 "Spotlight"
Tom McCarthy, САД
Воздржан, интелигентен и зрел ракопис на Мекарти, сè е во темпото и ритамот толку неопходни за добар трилер.
11 "Between 10 and 12"
Peter Hoogendoorn, Холандија, Белгија, Франција
Убав, суптилен и чист филм во минималистички манир и ефектна завршница.
12 "Star Wars: The Force Awakens"
J.J. Abrams, САД
Духовито и мелодраматично и сентиментално, технолошки супериорно, возбудливо и полно со енергија. Убав подарок за божикните и новогодишните празници.
(листата е објавена на ФБ профилот на Влатко, ја пренесуваме со негова дозвола)