Кога и каде сакате да читате?
Дома за време на викенд, или во авиони и возови.
Која е последната навистина добра книга која сте ја прочитале?
Навистина добра? Ризикувајќи да бидам досадна ќе кажам - „Војна и мир", како е-книга.
Дали сте повеќе по белетристика или теориска литература? Некој книжевен грев?
Повеќе теориска отколку белетристика. Невино задоволство: Валтер Мозли (автор на крими бестселери)
Која е најдобрата книга која сте ја прочитале како ученичка?
„Гордост и предрасуда" (дури и го играв г-дин Бенет, заедно со мустаќите, во средношколска приредба) и „Сестрата Кери" од Теодор Драјзер.
Кога би требало да одредите која една книга би требало да ја прочита Претседателот? Која книга би требало да ја прочитаат сите претседатели?
„Уметност на невозможното". Вацлав Хавел во негова најдлабока, најлуцидна и најелковентна варијанта.
Кое е вашето совршено читачко искуство?
Најдобрата книга, како и најдобриот говор, треба да стори сè - да направи да се смееме, да мислиме, да плачеме и да навиваме - по можност по овој редослед.
Кои ви беа омилени книги како дете? Имате ли омилен лик или херој?
Малиот принц, Светулки (чешка бајка) и „Легенди за Прага" од Фантишек Лангер (Олбрајт е родена во Прага).
Кога ги можеле да сретнете некој автор, сега жив или мртов, кој би бил тој?
Карел Чапек, омилен на моите родители, прв кој пишувал за роботи. Малку е познат, но е длабоко интелигентен и хуман писател, во време и место, 1930-тите во Европа, кога ѕверовите тропале на врата.
Дали читате многу странска литература?
Да, моите омилени се Маркес (особено „Љубов во време на колера") и Орхан Памук („Снег", „Моето име е Црвено").
Што планирате да прочитате следно?
„Откритија" од Илејн Пејглс, и „Успешно стареење" од докторите Роу и Кан.