Неодамна на пазарот се појави нова издавачка куќа, БајтДенс, дел од компанијата ТикТок, која освен по кратките вирални видеа е позната и како социјален медиум преку кој се промовираат книги, кои на тој начин бргу стануваат бестселери. Многумина во издавачкиот свет сметаат дека ова ќе создаде нелојална конкуренција на сметка на авторите кои не се, и не сакаат да бидат на оваа социјална мрежа.
Дали сте некој што чита голем број книги и ги довршува без оглед дали ви се допаѓаат или не, или пак порадо би ги читале одново и одново најдобрите на кои сте наишле до одредена возраст (на пример до 50-тата најдобрите 100). Мозокот си има свој мемориски капацитет, еквивалент на 3 милиони часови ТВ серии. Тоа изгледа многу, но кога на книгите и сериите ќе се додадат и сите други нешта кои треба да ги памтиме, мозокот лесно се „прегрева“.
Библиофилите од целиот свет знаат за исландската „божикна книжевна поплава“ во која издавачите темпираат нови книги за време на божикните и новогодишните празници. Легендата вели дека секој граѓанин на оваа оддалечена но ултра-читачка нација тогаш подарува и добива книги. Нивната љубов кон читањето има и своја предисторија.
Не се мисли на метафорично „токсични“ содржини кои можат да манипулираат со човечкиот ум. Ова се физички книги кои содржат отровни суптанци, а кои еден проект се обидува да ги регистрира, за да им помогне на библиотекарите, конзерваторите и читателите безбедно да ракуваат со нив.
Од почетоците на јавниот библиотечен систем, јавниот и отворен пристап кон книгите предизвикувал страв и желба за прочистување на библиотечните полици и на читалните. Ова се однесувало не само на нештата што можат да ги нападнат книгите, туку и на социјално непожелните посетители во самата библиотека.
Сте работеле како пештерски човек во тематски парк? Сте пишувале флаерче со совети за самопомош кое е дел од пакет крекери? Овие, и уште куп работни места кои не може да се каже дека го исполнуваат човечкиот дух со ентузијазам и чувство за мисија, може да бидат антидот на нашата разочараност од сопствените aргатувања.
„Изненадување! Четири тајни романи од Брендон Сандерсон“, гласи насловот на Кикстартер кампања, чија цел беше да собере еден милион долари. До денес, 7.3, со уште 25 преостанати денови од кампањата, собрани се многу, многу повеќе.
Јасно е дека е подобро да јадеш и да пиеш отколку да читаш како сето тоа се прави, но има и нешто во жанрот, кориците и илустрациите, и воопшто славењето на храната во овие книги што прави да ти дојде вода на уста.
Типичното „логично“ размислување е дека популарноста на еден медиум директно се преведува во популарност на друг. Но бројот на следбеници на социјалните медиуми можеби помагаат да се потпишат договори за книги, но не и тие да се продадат во очекуваниот број.
Од мемоари на истражувачи кои делуваат како да се романи до дела на ветерани во областа на науката, ова се дела кои ја збогатија научно-популарната литература во 2021, по избор на магазинот Смитсонијан.
На 10 октомври 1896 Њујорк Тајмс прв пат вовел рубрика за книги, која во 1911 почнала да излегува како посебен додаток во неделното издание на весникот. Таа во текот на своето долго постоење станала една од највлијателните публикации за книжевни рецензии во светот.
Писателот Марк Билингем советува гневно да се катапултира низ соба книга која по 20 страници не успева да го задржи вниманието. Но изненадувачки 40% од луѓето всушност продолжуваат да читаат, оти не сакаат работите да им бидат недовршени.
Некои од книгите кои денес се сметаат за најдобри во модерната историја на книжевноста, како „Квака 22“ или „Нежна е ноќта“, не наишле на добра критика на страниците на влијателниот весник. Не дека тоа нешто многу им наштетило.
Некои се фрлени, други закопани или запалени. Одбор на училиште во Онтарио уништил илјадници книги поради наводно пропагирање стереотипи. Помеѓу нив и стрипови за Тинтин и Астерикс.
Во средниот век правењето книга подразбирало години и години работа. Писарите се кичмеле над ракописите, осветлени само од природно светло - свеќите биле преголем ризик - и минувале часови и часови секој ден рачно испишувајќи букви. Нормално дека биле ифрит лути ако некој им ја уништел или украдел завршената книга.
Прашањето за тоа кој треба да ги поседува книжевните дела и колку долго е тема на остра полемика. Неа ја предводи движење за укинување на авторското право, или барем за намалување на неговото времетраење.
Гиљермо Либри Каручи Дала Сомаја (1803-1869) бил италијански благородник и математичар, познат по својата љубов кон книгите. Која била толку голема, што украл ни повеќе ни помалку туку 30.000 од нив, и тоа прилично ретки и вредни.
Добро, секој избор нели е некомплетен и субјективен. А и годинава уште не е помината. Но ако ова е начин нејзиниот крај магиски (не научно) да дојде побрзо, тогаш еве список на добрите книги за наука што излегоа во 2020
За да го надмине пелтечењето кое го мачело цело детство ги рецитирал Јеитс и Емерсон пред огледало. А во двата мемоара кои ги има напишано до сега отворено зборува за трагедиите кои го имаат снајдено. Ако ништо друго, за ваков човек е сигурно дека знае да застане на нозе кога животот го кутнува.