На 8 септември, значи за неколку дена, од печат ќе излезе нова книга на Клис, под наслов „Креативност: краток и весел прирачник“. Книгата е навистина кратка, 112 страници, а дека ќе биде весела, тоа сме речиси сигурни.
Приказната е од Британија и се однесува на непознат сторител (веројатно библиотекар) и нивниот премиер. А за ова да успее кај нас треба да биде исполнет еден неверојатен услов. Да има барем еден политичар кој би се нашол пред полица полна книги (макети полнети со стиропор како за саем на мебел не се важат).
Мили Џинет за време на пандемијата формирала Фејсбук група за размена на книги. Само два дена подоцна собрала околу 300 примероци од праговите на понудувачите низ јужен Лондон. И потоа самата ги доставила до заинтересираните.
Секој оној кој нестрпливо очекувал да излезе некоја книга (колкумина има такви?) знае дека барем што се однесува до странските изданија прво излегува верзија во тврда корица (хардкaвер) а потоа во мека (пејпрбек). И дека ако сака да помине поевтино ќе мора да се стрпи, понекогаш цела година. Зошто е тоа така?
Најголемиот трговец со книги на светот вели дека дозволува продажба на небулозна литература поврзана со коронавирусот, за муштериите да имаат пристап до „различни гледишта“.
Коби Брајант малку спиел, понекогаш само неколку часа во ноќта, што е малку за професионален спортист. Пред пар години еден новинар го прашал зошто не спие доволно, а Коби дал прост одговор: „Зошто имам многу работа“.
Знаеме денешни ВЦ-иња во кои има цели библиотеки полни списанија, па и со по некоја книга. Ама дизајнерите од 18 век или имале уште поголема почит кон пишаниот збор, или обратно, многу добра смисла за критика.
За да подарите некому книга треба доволно да го познавате, дали воопшто сака да чита и што точно. Или пак да сте доволно блиски за да можете да го ставите пред свршен чин со избирање наслов, без тоа да се почувствува како наметнување. Плус да знаете дали таа книга веќе ја прочитал или ја има. И уште куп услови, кои прават подарувањето книга да не е ич едноставно.
Книгите од овој жанр нудат можност да се исчекори од постојаниот тек на драматични научни откритија и да се анализираат пошироките последици од истражувањата кои се во тек. Книгите на овој список се обидуваат да ја следат долгата приказна за тоа како луѓето станале такви какви што се денес, да ја истражат промената околу нас и ограничувањата на нашето знаење.
Живееме во доба на лажни вести, но манипулациите во оваа област не се нови, исто како и обидите да се опише, анализира и предвиди нивното влијание врз политичкиот живот. Покрај антологиската „1984“, еве уште неколку книги кои тоа го правеле многу пред времето на интернет.
Оние кои го поминале процесот опишан во статијава ќе знаат точно за што станува збор. Оние кои не го поминале - не очајувајте. Има решение и за оние кои сакаат да работат на себе читајќи или слушајќи музика.
Јоханес Вермер постојано ги вметнувал во своите слики. Исто така и Едвард Хопер, Егон Шиле, Диего Веласкез, Ешер. Нова книга ја истражува историјата на книгите во визуелната уметност.
Стотици години пред употребата на диктафоните и компјутерите, огромен број судски документи, преписки, новинарски текстови итн. најпрвин биле запишувани со помош на „зипувачка“ техника, а потоа транскрибирани со асална ортографија. Стенографијата била толку популарна во англиските говорни подрачја во 19 век, што биле објавувани и цели дела напишани со стенограми.
Oваа недела беа обелоденети номинациите за 91-то доделување на најпрестижната филмска награда. Ако не можете во моментов да најдете некои од филмовите, не очајувајте. И онака книгата најчесто е подобра.
Студијата која ја покажува врската помеѓу читањето книги и продолжениот животен век по интернет критериуми може да изгледа „стара“ - од 2016. Ама што е тоа во однос на долговечноста која ни ја предвидува?
Во текот на годината американскиот претседател редовно препорачуваше материјал за читање (сериозно), иако паралелно со тоа во повеќе наврати отворено признаваше дека баш и нема време за читање.
Во рубрикава до сега сме пишувале за „цундоку“, односно за трупањето книги, во негативен клуч. Со блага иронија сме ги спомнале и најголемите трупачи во историјата. Но сега да ја видиме и другата страна - зошто поседувањето голем број книги (кои не сте ги прочитале) може да биде добро?
„Најдобри“ можеби и не е најобјективна квалификација, но да речеме дека ова се научно-популарните книги кои изминатата година привлекоа најголемо внимание затоа што пишуваа за импликациите на нови откритија и експерименти, но и за до сега ретко истражувани аспекти од историјата на науката.
Од време на време на социјалните мрежи се појавуваат фотографии од земји и култури каде има чуден обичај луѓето да читаат книги, во метро, трамвај, автобус. Придружниот коментар обично се однесува на нашиот примитивизам и неначитаност. И не дека не. Ама има и други, многу попрактични ограничувања.