Топ 25-те книги на листата на Амазон во моментов вклучуваат готвачи под следниве наслови (не ги преведуваме за да се задржи автентичноста): What the F*@#k Should I Make for Dinner? или 50 Ways To Eat Cock: Healthy Chicken Recipe with Balls! Следи прирачникот за самопомош The Subtle Art of Not Giving a F*ck, како и две боенки за возрасни - Calm the F*ck Down и Go F*ck Yourself, I’m Coloring.
Изгледа сè почна со пародијата на детската книга Go the F**k to Sleep која стана бестселер во 2011. Но со оглед на тоа дека беше прва во бранот, па уште и во жанрот детска литература, таа доби огромно внимание. Сега поплавата на наслови со „профани“ наслови има контра ефект - веќе (скоро) никому не му е гајле за книга со астерикси на корицата. Има тука и мемоари, планери, па дури и водичи за добро однесување (Good Manners for Nice People Who Sometimes Say Fuck). Но тоа не ги спречува издавачите исти такви да планираат и за следната година. Најавени се The F*ck It Diet и I Used to be a Miserable F*ck: An Everyman's Guide to a Meaningful Life.
Oсвен целата идеја дека пцуење на насловна би можела да привлече внимание од таков, табу аспект, има и друга, а тоа е дека таквите книги преку насловот сигнализираат реален поглед на работите, или - да се изразиме во контекст на темата - не продаваат „муда за бубрези“. Плус дека содржат доза на лежерност и хумор, но и на отпор кон политичката коректност која се заканува да нè угуши. Добро, не локално каде за среќа/за жал се уште не допрела нејзината долга рака.
Претходно: Букбокс читанка за „Глава за себе: културна историја на пенисот“