Гревовите на Фајзер

Фармацевтскиот гигант Фајзер чија вакцина за ковид почна да го освојува светот (а и Македонија се учипи) ја има платено најголемата отштета во областа на здравствената заштита: изброија 2,3 милијарди долари само во еден случај. А тоа ни оддалеку не е сè. Компанијата има повеќе пријави од оној со платформите на Матка.

Во 2009 година, Фајзер и нејзината филијала Фармација & Апџон се согласија да платат 2,3 милијарди долари за вонсудска спогодба. Клучниот спор се вртеше околу погрешното и заведувачко претставување на нивниот производ Бекстра но спорни биле и лековите Геоден (антипсихотик), Зивокс (антибиотик) и Лирика (анти-епилептик).

Фајзер во 2005 го повлекуваат својот анти-инфламаторен лек Бекстра заради утврдените ризици меѓу кои и ретка, но некогаш фатална, кожна реакција.Но, го повлекуваат за оригиналните индиции и во првичната доза, но го оставаат на пазарот за други индиции и со други дози. Според правилата на американската Агенција за храна и лекови, откако ќе добие дозвола за еден вид употреба, на лек не смее да му се калемат други „бенефити“, а токму тоа Фајзер го правел. 

На тоа име платија 1,195 милијарди долари, најголемата кривична казна во историјата на САД, во која било област а попат, Фармација & Апџон биле репнати со 105 милиони; вкупно 1,3 милијарда долари.

'Одозгора на тога', Фајзер платија една милијарда долари под граѓанскиот закон за лажно тврдење, поради нелегално промовирање на горенаведените лекарства. Не само што ги нуделе за она што немале право да ги нудат туку и го субвенционирале нивното ширење. Нивен поранешен продажен агент сведочеше дека добил задача да дистрибуира 20 милиграмски дози како примероци до реуматолози и ортопеди иако Агенцијата имала дозволено само 10 милиграмски дози за артритис.

За откривање на случајот биле заслужни шестмина свиркачи, инсајдери во Фајзер кои на крајот меѓу себе поделија 102 милиони долари од наплатената отштета од компанијата.

Како што може да се види од еден интернет тракер на гревовите на Фајзер, компанијата ги има вкупно 80 и за нив во последниве 20 години има платено преку 4,7 милијарди долари. Без гајле, сето тоа ќе го покрие вакцината.

14 декември 2020 - 20:03