Читањето книги е во позитивна корелација со подолгиот животен век, откри студија спроведена на универзитетот Јеил, која заклучува дека оние кои читаат секојдневно живеат околу две години повеќе во споредба со оние кои не го прават тоа.
Статијата под игрив наслов „Поглавје на ден“ (асоцијација на познатата тешко преводлива изрека An apple a day keeps the doctor away) е објавена во списанието Општествена наука и медицина. Во неа се изнесени резултати од испитување на 3636 Американци постари од 50 години.
Испитаниците биле поделени на такви кои читаат по 3.5 часа или повеќе неделно, оние кои читааат до 3.5 часа неделно и оние кои воопшто не читаат. Предвид биле земени и контролни фактори како пол, раса и образование.
Истражувачите откриле дека оние кои читаат повеќе од 3.5 часа неделно имале 23% помалку шанса да умрат во текот на следните 12 години, додека оние кои читале до 3.5 часа неделно имале 17% шанса за истото. За оние кои пак воопшто не читале шансите биле драстично помали.
Списанијата и весниците не ги имале иститe ефекти освен ако читателите не минувале повеќе од седум часа посветени на ова активност (иако не е јасно означено дали тука се бројат и онлајн содржини, кои чисто емпириски гарантираме дека можат повеќе да го скратат отколку да го продолжат животот). Освен тоа, оние кои читаат книги имале и појаки когнитивни способности, како присеќавање и броење наназад.
Нас само едно нè мачи: што со тие „вишок“ две години кои ни ги обезбедуваат книгите? Незнаејќи на што попаметно да ги потрошиме, веројатно пак би ги поминале...читајќи.
Погледнете ја убавата фотографија со која е илустриран текст на оваа тема на сајтот на Светскиот економски форум