10 книги за читање... препорачани од Трамп

Во текот на годината американскиот претседател редовно препорачуваше материјал за читање (сериозно), иако паралелно со тоа во повеќе наврати отворено признаваше дека баш и нема време за читање.

Речиси сите книги избрани од Трамп имаат една заедничка тема – Трамп.

- The Faith of Donald J Trump: A Spiritual Biography by David Brody and Scott Lamb

Книга од 375 страници во која се објаснува дека со тоа што милијардерот се опкружил себе со верници, и самиот станал религиозен.

Рецензијата на книгата од Лос Анџелес тајмс: „Holy crap!“

Рецензијата на книгата од Доналд Трамп: „Многу интересно четиво. Уживајте!“

 

- Trumponomics: Inside the America First Plan to Revive Our Economy by Stephen Moore and Arthur B Laffer PhD

Авторите, и двајцата економски советници на Трамп во 2016 и двајцата се уште членови на неговиот совет, пишуваат: „Членовите на НикогашТрамп фантастично грешат... Не, тој не ја уништи светската економија. Не, берзата не крахираше. Не, нема рецесија.“

Рецензијата на книгата од Доналд Трамп: „Двајца многу талентирани луѓе само што ја завршија неверојатната книга за моите економски политики.“

 

- The Russia Hoax: The Illicit Scheme to Clear Hillary Clinton and Frame Donald Trump by Gregg Jarrett

Грег Џарет е правен аналитичар на Фокс њуз, кој ги истражува „дип стејт соработниците на Хилари Клинтон,“ меѓу кои тврди дека се и поранешниот прв човек на ФБИ, Џејмс Коуми, и обвинителот Роберт Милер, кој ја тера истрагата против Трамп.

Рецензијата на книгата од Политифакт: „Бранејќи го Трамп, Џаред дава голем број тврдења кои нè зачудија.“

Рецензијата на книгата од Доналд Трамп: „Точно е дека е ИЗМАМА и дека е ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ, нелегално започнат од луѓе кои веќе се осрамени пред јавноста. Одлична книга!“

 

- Liars, Leakers and Liberals by Judge Jeanine Pirro

Станува збор за уште еден презентер на Фокс њуз, кој се справува со уште една „завера од моќните, да ја соборат волјата на американскиот народ.“ Според нејзе, во ова се вклучени (меѓу другите) ФБИ, НСА, Пентагон, Холивуд, „фејк њуз медиумите“, Демократската партија, некои од републиканците.

Рецензијата на книгата од Доналд Трамп: „Одличната Џаџ Џени Пиро извади уште една книга... која е фантастична. Одете земете ја!“

 

- Why We Fight by Sebastian Gorka

Еден од првата генерација советници на Трамп и автор кој пишува на Бреитбарт не е загрижен само за тоа што луѓето организирано се против Трамп, туку и за опасноста за јудео-христијанската цивилизација што доаѓа од џихадистите, комунистите, Кина или „непозната закана во иднина“.

Рецензијата на книгата од Доналд Трамп: „Многу талентиран човек кого добро го запознав додека работеше во Белата куќа, напиша одлична книга... има многу што да се научи од ова одлично четиво.“

 

- The Case for Trump by Victor Davis Hanson (треба да излезе во продажба во 2019)

Уште еден чест гостин на Фокс, Хенсон ја ветува „вистинската приказна за тоа како Доналд Трамп стана еден од најуспешните претседатели во историјата - и зошто тој и е потребен на Америка повеќе од кога и да е“.

Рецензијата на книгата од Доналд Трамп: „Тој напиша една доста распространета книга под наслов ’Војните на Вториот свет’ а неговата нова книга која наскоро ќе излезе се вика ’Аргументот за Трамп’. Ги препорачувам и двете.

 

- Mad Politics: Keeping Your Sanity in a World Gone Crazy by Gina Loudon

Предговорот на книгата го пишува Шон Ханити од Фокс, а авторката тврди дека има научни докази дека Трамп е психички „најнормалниот човек кој некогаш бил во Белата куќа“. Авторката тврди дека има докторат по психологија, што беше оспорено.

Рецензијата на книгата од Доналд Трамп: „Одете и купете примерок уште денес - одлично четиво.“

 

- Ship of Fools by Tucker Carlson

Уште еден коментатор на Фокс њуз, и уште едно вртење кон „себичната владејачка класа“, која вклучува од републиканци како Мич Мекконел, до милијардери како Закерберг и Безос. Тој признава дека Трамп е вулгарен и игнорантен, ама е избран како неизбежен резултат на елитите кои го игнорираат гневот на конзервативните популисти.

Рецензијата на книгата од Доналд Трамп: „Честитки за Такер Карлсон за одличниот успех на неговата книга ’Ship of Fools’. Само што стана БРОЈ ЕДЕН!“

 

The Great Revolt by Salena Zito and Brad Todd

Авторите се конзервативна новинарка и републикански стратег за кампањи, кои длабински анализираат како Трамп успеал да победи наспроти очекувањата.

Рецензијата на книгата од Доналд Трамп: „Одлично ја раскажува приказната за нашата голема изборна победа. Заборавените мажи и жени повеќе не се заборавени!“

 

The Briefing: Politics, the Press and the President by Sean Spicer

Поранешниот портпарол на Белата куќа го раскажува своето искуство од првите месеци од мандатот на Трамп.

Рецензијата на книгата од Гардијан: „Звучи како член на семејство кој се обидува да го разубави семејното насилство кај себе дома.“

Рецензијата на книгата од Доналд Трамп: „Книга раскажана со срце и знаење. Одлична, одите да ја купите!“

24 декември 2018 - 15:50