„Од тука до таму: уметноста и науката на наоѓање и губење на својот пат“ од Мајкл Бонд
Луѓето на кои им се случило да го имаат (буквално) загубено патот, никогаш не го забораваат ова искуство. Одеднаш исклучени од она познатото што дотогаш ги опкружувало, тие се затечени во крајно туѓ свет. Мислат дека ќе умрат. И овој ужас колку што им е просторен, толку им е и психолошки предизвик.
Роберт Кестер е специјалист за потрага и спасување, но е образован во полето на невробиологијата. Тој го опишува ова како радикална ситуација на „бори се или бегај“, односно паничен напад. Но ако, и кога ова ќе се надмине, се случува катарза после што човек може да се каже дека навистина си го нашол патот.
„Неповратна штета“ од Абигејл Шрир
Предвидливо контроверзна, оваа книга е критички поглед кон енормниот подем на бројот на луѓе кои се идентификуваат како транс. Таа покрива бурен и тековен скандал околу нереверзибилни третмани (хируршки и фармацевтски) кои им се нудат на тинејџери во различни земји. Сепак, рецензиите забележуваат дека во неа нема ни трошка анимозитет кон транс луѓето.
„Ветена земја“ од Барак Обама
Опис на подемот на второт до Белата куќа и неговите први години во неа. „Интроспективна“ и „разумна“ се некои од придавките кои ги користат критичарите за да ја опишат. Книгата е исто така потсетник дека 44-тиот американски претседател е еден од најдобрите писатели кои ја вршеле оваа функција.
„Си се бакнувам за збогум“ од Фердинанд Маунт
Хумористична и бизарна приказна за мулти или сериски бигамист, патолошки лажго од високата британска класа. Делумно е детективска приказна, делумно социјална историја, која се одвива во текот на Втората светска војна.
„Министерство за иднината“од Ким Стенли Робинсон
Меѓу ретките романи кои се однесуваат на проблемот на климатските промени. Раководено од поранешен ирски министер, интервладиното тело со необичен наслов „Министерство за иднината“ се занимава со различни теми, од тероризам, преку геоинженеринг до банкарство за да одбегне катстрофа. Иако нуди надеж, книгата нуди таква визија за иднината која е ослободена од илузии.
„Животни лекции од животински пениси“ од Емили Вилингам
Во оригиналот првиот збор е Phallacy, што е игра на зборови која асоцира на некои заблуди во врска со фалусите и нивната улога во опстанокот на животните. На пример, начинот на кој пајаците ги користат своите „пениси“ не е само за размножување туку и како сетила за вкус и мирис. Некои пајаци користат дел од „педипалп“-от за да произведуваат музика како дел од ритуалот на заведување. И сето ова не е баш „пенисно“ од човечка перспектива. Така, неговата дефиниција се проширува, а да не зборуваме за различните форми и естетскиот „дојам“ на различните „мандала“ во животинскиот свет.
„Време на магионичари“ од Волфрам Ајленбергер
Портрет на активна група од четири револуционерни филозофи од германското говорно подрачје од 1920-ите - Лудвиг Витгенштајн, Валтер Бенџамин, Мартин Хајдегер и Ернст Касиерер. Годината е 1919, и ужасите од Првата светска војна се уште свежи, а исто така се свежи и последиците од шпанскот грип. Обременет историски контекст во кој животните приказни на овие луѓе се преплетуваат со нивните филозофии.
„150 погледи кон Битлси“ од Крег Браун
Вообичаено, монографиите за Битлси често се сведуваат на банални детали за кариерата на бендот. Во оваа книга од 592 страници нивната историја е раскажана низ 150 забавни анегдоти. А во нив неочекувано најдобар излегува - Ринго.
За најдобри книги за наука во 2020 (одделно) тука