Карпестиот стопер со сигурност е еден од нај-најзаслужните што Италија после 53 години повторно го оствари сонот и стана европски шампион. А пред само неколку месеци зборуваше колку му било тешко после еден клучен промашен пенал.
Македонската фудбалска репрезентација во ноември 2020 обезбеди историски прв пласман на Европско првенство 2020. Со триумфот над Грузија во финалето од плејофот на Лига на нации, со голот на капитенот Пандев, македонските фудбалери ни приредија огромна радост. Тоа со сигурност беше настан на годината 2020 во Македонија.
Повеќето откритија за кои станува збор имаат врска со начинот на кој преживуваат риби, бумбари, молци и пчели. Очигледно има уште многу што би можеле да научиме од нив, иако начинот на кој би го користеле тоа знаење може да биде и морничав.
Признанието кое традиционално се доделува за „неубедливи, изнасилени, засрамувачки или излишни пасуси од сексуална природа во инаку добри романи“ ќе продолжи да се доделува во 2021 година.
Признанието чие доделување го одбележуваме со години се вика Дијаграм, и претставува хумористичен поглед кон годишната продукција книжевни наслови. Оваа година победникот е од областа на антропологијата.
Оваа година нè остави без зборови - велат од Oксфордскиот речник на англискиот јазик, од каде (иронично) предлагаат цел список зборови кои би ни помогнале да го искажеме чувството на неискажливост од годината што изминува.
Добро, секој избор нели е некомплетен и субјективен. А и годинава уште не е помината. Но ако ова е начин нејзиниот крај магиски (не научно) да дојде побрзо, тогаш еве список на добрите книги за наука што излегоа во 2020
Основната премиса на замислената серија би била - што се случува кога врз постоечките светски проблеми ќе се накалеми смртоносен вирус? Содржината, пак, би била толку комплицирана што најверојатно би се откажале од гледање по втората епизода.
Оние кои барем еднаш биле на нашиот традиционален фестивал во „Пепер“, секоја година во април, знаат колку забавно и креативно си поминуваме. За жал јубилејното, десетто издание, мораме да го одбележиме само онлајн. Но темата ни е соодветна.
Ја викаат „Нобел за архитектура“, награда воспоставена „за да им оддаде признание на архитекти чии дела се комбинација на талент, визија и посветеност“. Оваа година ја добија две жени од Ирска.
За време на мечот од АТП Купот против Ник Кирјос, Стефанос Циципас во еден момент поради изгубен поен грубо мафташе со рекетот пред неговата клупа каде седеше татко му Апостолос. Циципас дури и го цивна стариот со рекетот, а мајка му, Јулија Салникова се симна од трибините за да го смири синот. На крај Кирјос славеше во три сета после 2 часа и 40 минути игра.
На почетокот на јануари минатата година известивме за тоа на кои значајни дела им истекоа авторските права и влегоа во тн. јавен домен, односно станаа слободни за користење. Еве го списокот за оваа, 2020 година.
Ќе испланираш една софра со другари што ги немаш видено па одма се чувствуваш како ти си амбициозниот во друштво и не ти е јасно само дали на почеток или на крај ќе ти ги дадат ордените за заслуги. Во меѓувреме Елон Маск планира во следните 3 години да комплетира една мини индустриска револуција.