Најголема од дузината работи што намислил да ги заврши до 2020, е изградбата на џиновската Гигафабрика за батерии. Проектот е клучниот елемент за иднината на Тесла од кој се очекува да ја намали цената на батериите што ги користи Тесла за околу 30%.
Фабриката со површина од 510 илјади метри квадратни се гради во Невада, а нејзината "магија" е во масовното производство што треба да придонесе во намалување на цената. Кога ќе постигне полн капацитет (2018), Гигафабриката годишно ќе произведува повеќе батерии отколку што во 2013 произвеле сите производители на батерии од цел свет.
Гигафабриката и намалувањето на цената на батериите, ќе дозволи почеток на производство на Тесла Модел 3, првиот нивен автомобил за масовни пазари, кој треба да чини околу 35.000 долари.
На крајот од 2019, почетокот на 2020, закажана е премиерата на првиот електричен џип на Тесла, Модел ипсилон.
Минатата година Маск објави дека во Тесла работат на првиот целосно електричен камион, кој во септември годинава треба за прв пат да се појави во јавност, како примерок. За камионот уште нема рок за продажба.
Затоа пак се знае дека пред средината на 2019 (рокот е лабав октомври 2018 - април 2019) Тесла треба да покаже функционална верзија на нивниот целосно електричен пикап.
Уште едно од суштинските достигнувања на тема Тесла е намерата до 2020 да се постигне капацитет на батерии кои ќе дозволуваат минување 1000 километри со едно полнење. За сега рекордот го држи Модел Ес со 800 километри.
Иако доаѓа и како фин бек-ап на горното ветување, сепак е сериозен подвиг и сам по себе: Тесла сака за речиси два пати да го зголеми бројот на супер-полначи низ САД, и до 2018 нивната инфраструктура да брои над 7.000 станици за полнење.
Крајот на деценијава е и рокот во кој Маск вети дека неговите возила ќе бидат комплетно автономни.
Двете бизнис ветувања се дека до 2018 Тесла ќе го произведе својот 500-илјадити автомобил, а до 2020 ќе заокружи на 1 милион.
Со купувањето на Солар-сити во ноември годинава, Маск работи на своето ветување дека Тесла не само што ќе произведува електрични автомобили, туку ќе биде и компанија што ја произведува струјата за напојување на автомобилите.
Освен овие работи, вон рокот 2020, Маск има и проекти како: Спејсикс, вселенски ракети за повеќекратна употреба; Хиперлуп, ултра брзата железница; и Боринг; компанијата за копање сообраќајни тунели под најголемите американски градови и комплетно преселување на сообраќајот под земја.