Најважните спортски моменти од 2020 кои ќе се паметат

Македонската фудбалска репрезентација во ноември 2020 обезбеди историски прв пласман на Европско првенство 2020. Со триумфот над Грузија во финалето од плејофот на Лига на нации, со голот на капитенот Пандев, македонските фудбалери ни приредија огромна радост. Тоа со сигурност беше настан на годината 2020 во Македонија.

Во светот на спортот 2020 ќе се памети по добри и по лоши работи. Одиме со ред:

На 26 јануари во пад на хеликоптер загина Коби Брајант. Лос Анџелес, а и целиот свет беше во тага

Во февруари 2020 Тајсон Фјури го победи големиот ривал Деонтеј Вајлдер во еден од најголемите боксерски дуели на годината.

Во март Французинот Мартин Фуркад ја извозе и последната трка во кариерата и се прости со биатлонот после 283 три, 150 подиуми и дури 83 победи.

На 8 март 2020 Горан Пандев постигна убав гол во сензационалниот триумф на Џенова против Милан на гости 1-2. Тоа остана досега единствен пораз на росонерите во Серија А

На 10 март со четири гола Јосип Иличиќ ја однесе Аталанта во четвртфинале на Лига на шампиони и тоа беше најголемо изненадување на турнирот. Понатаму од врвот, Словенецот падна многу во форма, западна и во жестока депресија и едвај ја приврши сезоната.

На 11 март ПСЖ пред празни трибини ја совлада Борусија Дортмунд и се пласираше во 1/4 финале на ЛШ. Големиот триумф беше прославен со илјадници навивачи кои се собраа околу стадионот

Наскоро од стадионите во март после навивачите исчезнаа полека и фудбалерите. Спортот беше стопиран во целост на пар месеци, а гледачите уште не се вратени на стадиони

Глобалната пандемија ја разбуди и хуманоста кај многумина. Жозе Мурињо разнесуваше производи а ранливите категории во Лондон

Во еден момент во Европа фудбал се играше само во Белорусија каде немаше прекин на првенството поради пандемијата.

На 16 мај се врати и топ фудбалот. Први од најдобрите европски лиги заиграа Германците. Бундеслигата продолжи со натпреварите, а и Ерлинг Халанд продолжи со головите. Против Шалке ја рестартираше гол-серијата

Спортската 2020 многу ќе се памети и по убедливиот триумф на Баерн во 1/4 финалето на Лига на шампиони 8:2 против Барселона

Нејмар плачеше после поразот во финале на Лига на шампиони кога Баерн го победи ПСЖ

Роберт Левандовски се фотографираше во постела со пехарот од Лига на шампиони

Историски кадар ќе остане и оној кога Јирген Клоп го крена шампионскиот пехар во Премиер лига. Ливерпул ја прослави титулата после цели 30 години, на празен „Енфилд Роуд“

Стенли Купот, највредниот пехар во најдобрата хокеарска лига на светот го освои Тампа

Супер излезе и рестартот на НБА сезоната. Лука Дончиќ сам го победи големиот фаворит ЛА Клиперс со 43 поени, но на крајот тимот од Лос Анџелес победи во серијата

Врвно беше и финалето. ЛА Лејкерс беше огромен фаворит за титулата против Мајами но предводени од неверојатниот Џими Батлер, Хит се вратија во игра. Батлер во 5. меч за 47 минути и 12 секунди постигна 38 поени.

Подвиг спречија Леброн Џејмс и Ентони Дејвис кои на Лејкерс им ја вратија титулата во посед

Од 31 август до 13 септември се играше и УС Опен. Таму се случи и најчудниот момент во тениската сезона кога Новак Ѓоковиќ со топче ненамерно ја погоди линијската судија и беше дисквалификуван од турнирот

Лос Анџелес во 2020 доби уште еден шампион. Доџерси ја освоија најдобрата бејзбол лига на светот МЛБ.

На стадионот „Местаља“ во Валенсија беше поставена статуа во чест на легендарниот навивач на клубот, Висенте Апарисио кој почина

На стадионот на Бока, на култната „Бомбонера“ гореше светло само на местото каде секогаш седеше Диего Армандо Марадона

Ќе се памети и почеста која Меси му ја посвети на големиот Диего, откако даде гол против Осасуна го одбележа така што под дресот на Барса носеше дрес со број 10 на Њуелз Олд Бојс, екипа во која Лионел почнал со фудбал како мал, а Марадона играл во еден период од кариерата

А летото 2020 ќе се памети и по бурата во Барселона каде Меси соопшти дека сака да го напушти клубот после долги години. Навивачите организираа протести

Меси остана во Барселона, ама не и Луис Суарез. Уругваецот со задоволство премина во Атлетико Мадрид каде редовно дава голови уште од дебито со Гранада кога влезе од клупата и постигна два погодоци а имаше и асистенција.

 

Во октомври Хабиб Нурмагомедов го победи Гејдџи и објави крај на кариерата. Неколку недели се разговара околу негово евентуално враќање во октагонот

Многу се очекуваше и средбата меѓу Меси и Роналдо, прва после цели 2 години. Португалецот со Јувентус ја победија Барселона на Камп Ноу убедливо 0:3, а Роналдо даде два гола од пенал.

На стартот на новата сезона во Премиер лига, Астон Вила сензационално го смачка шампионот Ливерпул со 7:2 што беше чудо на месецот

Завршниот турнир во Лондон го освои Русинот Данил Медведев во конкуренција на најдобрите тенисери на денешницата

2020 беше година на Роберт Левандовски. Полјакот освои: Лига на шампиони, Бундеслига и Куп на Германија и секаде беше најдобар стрелец. Заслужено ја освои премијата The Best од ФИФА.

Во Формула 1 крал остана Луис Хамилтон кој се израмни со Михаел Шумахер по бројот на шампионски титули. Победи на најмногу трки и имаше најмногу пол позиции

Маркус Рашфорд, сјајниот центарфор на Манчестер Јунајтед со право беше избран за личност на годината во Велика Британија откако на негова иницијатива беа помогнати илјадници сиромашни семејства и се избори за закон со кој беа гарантирани оброци на децата од социјално загрозени семејства во училиштата.

Во Формула 1 се случи и хаварија кога Роман Грожан со болидот со огромна брзина се заби во заштитната ограда, по што болидот се запали а Французинот едвај спаси жива глава и помина со изгореници на рацете