За 34 годишен напаѓач, летото 2022-ра, Барса потроши речиси 50 милиони евра, а тој стана најскап полски фудбалер во историјата и најскап трансфер на Баерн. Ама тој не е било кој, туку Роберт Левандовски, машината за голови кој одговори од тогаш до сега со 97 гола на 137 настапи. 33 во првата, 26 во втората, а оваа има неверојатни 38 гола на 36 години. Или вкупно 40 за клуб и репрезентација. Вкупно во кариерата, неверојатниот полски центарфор има 724 гола.