Барса ја потопи Жолтата подморница со 3 гола за 7 минути, Левандовски извонреден

Убави се ваквите клипови, сакаме вакви. После прекрасниот материјал на Реал Мадрид, со иста мера одговори и Барселона.

Каталонците го совладаа Виљареал со 3:0 и тоа не ги оставија гостите да дишат и ги торпедираа во периодот од 31-ва до 38 минута.

Левандовски даде два гола и еден Фати. Акцијата за првиот е во три потези, ама обрнете внимание на потегот на Левандовски кој исфрли двајца дефанзивци и плус голманот. Каква интелигенција.

И вториот погодок му беше ремек дело, овој пат сам свој мајстор пат од подалеку. Разликата меѓу Реал и Барса останува на 3 бода разлика.

Реал му даде 6 на Елче, 5 од прекрасни акции, ама 3 му поништија

21 октомври 2022 - 09:09