* Да се забрани компании како Кола Кола и Мекдоналдс да спонзорираат спортски настани како Олимпијада.
* Да се воспостават слободни зони околу училиштата во кои ќе биде забрането да се продава брза храна.
* Да се забрани познати лица и стрип јунаци да рекламираат нездрава храна.
* Да се воведе обврска за задолжително и јасно наведување на калориите, солта, мрснотиите и шеќерот на сите прехрамбени производи.
* По примерот на Скандинавските земји, да се разгледаат опциите за "даноци на дебелина" со кои ќе се казнуваат оние кои купуваат висококалорична храна и пијалоци.
Ова се дел од барањата кои до Даунинг стрит број 10 ги поднесе Медицинската академија, организација со преку 200.000 здравствени работници. Се бара да се напушти сегашната владина стратегија за битка со гојазноста која се базира на верба дека прехрамбената индустрија доброволно и добронамерно ќе работи на намалување на калориите и едукација на населението.
"Да верувате дека компании од типот на Кока и Мекдоналдс кои имаат огромни профити од продажба на висококалорична храна и пијалоци ќе ги убедуваат луѓето да се хранат поздраво е исто како да верувате дека нафтените компании ќе бараат од вас да возите велoсипед", вели потпретседателот на Академијата Теренс Стивенсон.
Тој апелира кон проблемот со вишокот килограми да се дејствува со сеопфатна и ригорозна акција, слична на онаа која последниве децении се спроведува кон пушењето.
Прозваната Кока Кола порача дека без спонзори како неа, 170 од 200 национални Олимписки комитети нема да имаат пари да ги испратат своите спортисти на Олимпијада.