Таг: калории

Како се утврдува колку е 1 калорија?

Калорија е само мерка за енергија, а научната дефиниција е дека вредност од 1 калорија е количина на топлина потребна да се крене температурата на 1 мл. вода за 1 степен Целзиусов.

Британското мени добива калории

Велика Британија планира да им наложи на сите ресторани, кафани и објекти за брза храна во своите менија да го наведуваат и точниот износ на калории за секој понуден оброк. Наскоро човек нема да знае да си врзе чевли ако нема инструкции кој е пожелниот начин на врзување чевли.

Џабе ти е броењето калории

Како што објаснува научникот од Кембриџ не треба да го бркаш бројот на калории што си ги внел. Она што е важно е „калоричната достапност“ односно колку калории од одредена храна се апсорбираат во твоето тело.

Најсилниот човек на светот и исхраната од 12.000 калории на ден

Брајан Шо е Најсилниот човек на светот во 2011, 2013, 2015 и 2016 (плус еден куп други први места во слични натпреварувања). По неговите зборови: од сè ова кревањето тегови не е најтешкото нешто, јадењето е. Прв оброк, појадок: 1180 калории. До крај на ден треба да ги потепа уште 10.000 калории. И така секој ден.

И човекојадците се хранат погрешно

Студија на оваа тема обелоденува дека во споредба со другите животни, човечкото месо има слаба нутритивна вредност и дека тој што решил да јаде луѓе, везден ќе ака гладен.

Гестапо за пици

Американските пицерии ќе мора да стават знаци со нуртиционистичкиот состав на секоја варијација на своите производи. Да е кебапчилница би било лесно. Едно кебапче толку и толку, сè друго се множи со 10 (оние кои не нарачуваат округли бројки кебапи се психопати). Овде проблем е што пицата може да има околу 34 милиони комбинации.  

Зошто не треба да вежбате за да изгубите килажа

Едно од најчестите правила што се претставуваат како неприкосновен канон на исхраната е дека можеш да го имаш тој екстра тост, сладолед или пијачка ако планираш тие калории да ги согориш со физичка активност. Најмалку 60 научни студии го порекнуваат тоа правило.

Колку километри ти требаат за да истрчаш еден хамбургер?

Логиката е лесна - колку калории си внел, наспроти колку калории си потрошил. Математиката е тешка, бидејќи премногу лесно се преценува колку имаш потрошено во една сесија, и се потценува колку калории има во тоа што си го јадел.

Зошто нема да бидете слаби како вашите родители кога биле млади

Од многуте крајно нефер научни сознание го споделуваме следново: оние кои биле возрасни во 70-тите години на минатиот век можеле и да јадат повеќе од вас и да вежбаат помалку од вас а пак да не качуваат килажа.

Пребројувај како некогаш да ќе ослабеш

Ако некогаш ве интересирало колку калории има во 10 раце пуканки, одговорот е - 77. Една лента сланина? 55 калории. 20 бадеми? 138 калории. 1 чаша сок од портокал? 117 калории. Не измислуваме, такви се бројките. Ако ви се брои што се' сте изеле на еден оброк, еве ви го сајтот за сите ваши нервози.

На која диета беше Клара Цеткин?

Најголем женски проблем во моментов не е мизогинијата и шовинизмот. Најголем женски проблем во моментов е броењето калории.

Цел ден овошје и пак дебели

Луѓето никогаш повеќе не јаделе овошјје и зеленчук како денес па сепак никогаш не биле толку дебели како сега. Зошто е тоа така?

Вистината за калориите

Секоја пакувана храна во САД мора да има истакнато таблица со бројот на калории и масти што таа ги содржи. Она што ниту една храна не треба да го направи е која било владина институција да и ги верификува бројките и податоците што се испишани на пакувањето.

Како изгледаат 2.000 калории

2.000 калории е бројката што се смета за оптимумот колку храна треба да внесете во текот на денот. Ова е бројката за просечен човек (бидејќи во зависност од вашата големина таа може да варира) и ова е просекот што го пишува на сите табели за храна на производите. За да не се прелажуваме дека 2.000 калории се многу, еве ги како изгледаат.

Вита става кликачка

Добрата вест е што со кликање на маусот навистина трошите калории. Лошата - за да потрошите еден хамбургер треба да го свртите цел интернет.

Како изгледаат 200 калории

Чисто за понатамошна референца во животот, еве како изгледаат 200 калории (секоја чинија има по 200, не сите заедно). Во спротивен правец, (ова се разликува од човек до човек) за да симнете 200 калории би ви требале околу 30 минути возење велосипед со брзина околу 13 км/ч.

Среќен Божиќ и долго џвакање

Најголемиот христијански празник е време кога славениците најмногу ги секира - нивната килажа. Истражувачите тврдат дека најдобра одбрана од обилните божични софри е долгото џвакање.

Кока-кола калкулатор на калории

Една лименка Кока-кола има 139 калории. За да ги потрошите овие треба играте 17 минути баскет или 22 минути аеробик или 32 минути пилатес. Калкулаторот ги има (речиси) сите пијалоци на Кока-кола, а има и посебна опција да ви пресмета колку актвиност ви е потребна да симнете 50, 100, 150 или 200 калории (па после удрете математика).

Магичниот круг на јадење и депресија

На времето Дебелото Копиле од Остин Пауерс се пожали: "Не можам да престанам да јадам. Јадам затоа што сум несреќен, несреќен сум затоа што јадам." Сега науката комплетно го разбира.

300

Кралот Леонидас беше спремен да жртвува 300 Спартанци на Термопилите. Ако сакате да ја задржите килажата после диета, ќе морате да бидете спремни да жртвувате 300 калории. Секој ден, до крајот на животот.

Хајка по килограмите

Ужаснати од проекциите дека до 2030 година речиси половина нација ќе влезе во категоријата дебели, британските лекари ја обвинија владата за млитава политика за справување со овој проблем и побараа неколку радикални решенија.

Колачи или банана?

Сит човек на гладен не верува. А гладен на табели уште помалку. Сепак, еве една научна табела на видови храна, подредени по тоа колку ви даваат чувство на ситост (по изедени 240 калории од секоја). Дилемата е: колачи или банана? Нашиот одговор е: да, може.