На која диета беше Клара Цеткин?

Најголем женски проблем во моментов не е мизогинијата и шовинизмот. Најголем женски проблем во моментов е броењето калории.

"Жените денес сами се прегладнуваат. Тие трошат повдеќе време мислејќи на тоа колку калории внеле во опрганизмот отколку на тоа како да го сменат светот", пишува за Вашингтон Тајмс авторката Ванеса Гарсија која и самата со години живеела во разни фази на булимија и анорексија.

Според една студија на Универзитетот во Калифорнија, 75 проценти од жените имаат проблематични навики на исхрана: 37 % скокаат оброци за да изгубат килажа а 26 проценти се лишуваат од некоја цела група на храна. Студијата заклучува дека исхраната која жените ја сметаат за нормална - како што е избегнување на јагленохидрати или прескокнување оброци - можат да бидат симптоми на пореметување во исхраната.

А по една друга студија ов 2009-та година, анорексијата и булимијата имаат највисока стапка на смртност од сите ментални заболувања.

"Помагачите на оваа болест се секаде околу нас. Моделите во просек тежат 30 проценти помалку од препорачаната тежина. Медиумите нè бомбардираат со вести дека Викторија Бекам си ја вратила килажата по породувањето со "диета од пет дланки" (дневно јадела по толку) а тука се и актерките како Елизабет Харли која за еден магазин изјави "Отсекогаш мислам дека Мерилин Монро изгледаше фантастично ама би се убила да станам толку дебела," пишува Гарсија.

Таа им порачува на соборките за женски права прво да ги вратат своите тела во свои раце.

"Не можеме да го затвориме родовиот јаз ако наместо да размислуваме како да ги разбиеме окоовите, ние минуваме бескрајни часови броејќи калории".

24 септември 2014 - 12:18