Кога на пазарот излегуваат нови производи и услуги, заедно со тоа понекогаш се случува промена на парадигмата, не само во смисла на состав, дизајн и рекламирање, туку и во јазикот кој се користи за да се зборува за нив.
Глобално, индустријата на „диетални“ производи се соочува со маркетиншка криза. Она што продава денес се производи означени како „здрави“, а не како „диетални“. Што е разликата во сфаќањето на овие два термина?
Прво важно е да се знае дека диети, како слабеење преку намалување на калории што ги внесуваш, не функционираат. Ова им е јасно и на луѓе што држат диети и на науката која е преплавена со докази дека диети не доведуваат до долгорочно слабеење или подобро здравје. Единствени луѓе што не го разбираат ова се оние што никогаш немале потреба од држење диети.
Вградувањето редовни "паузи" во твојата диета може да ти помогне да ослабеш повеќе и подолго да ја задржиш новата тежина отколку ако се обидуваш да тераш непрекината и поштена повеќемесечна диета, гласи најдобрата препорака што човек на диета би сакал да ја чуе и доаѓа од австралискиот Универзитет на Тасманија.
И покрај примерот што го дава силуетата на безбројни хронични алкохоличари, алкохолот е широкоградо забрануван во речиси секоја можна диета, а и таму каде што е дозволен тоа обично е во епски квоти од - една чаша вино неделно.
Едно од најчестите правила што се претставуваат како неприкосновен канон на исхраната е дека можеш да го имаш тој екстра тост, сладолед или пијачка ако планираш тие калории да ги согориш со физичка активност. Најмалку 60 научни студии го порекнуваат тоа правило.
Проблемот не е во немањето челична воља туку во неврологијата, однoсно начинот на кој мозокот им контрира на нашите желби. Нo, има и добри вести за дебелината.
За понатамошна употреба важна е разликата меѓу постење како дел од исхраната, и постење како дел од религијата. Во првиот случај станува збор само за нејадење на одредена храна, во вториот ние само мислиме дека станува збор за нејадење одредена храна.
Од многуте крајно нефер научни сознание го споделуваме следново: оние кои биле возрасни во 70-тите години на минатиот век можеле и да јадат повеќе од вас и да вежбаат помалку од вас а пак да не качуваат килажа.
Нова студија тврди дека постои едноставен начин да се хакира мозокот, за калоричните јадења одеднаш да се видат не толку привлечни туку грозни. На пример, на оној кој постојано ви ја јаде сланината, да му кажете: Брокула!
Трите дневни оброци беа фиксови во сите досегашни режими на исхрана кои требаше да помaгаат да се намали тежината. Сега е време сето тоа да го заборавите.
Идејата е дека жените треба да почнат да прифаќаат машки навики, и да почнат да избираат пиво наместо коктели, или да ја отфрлат диеталната храна во корист на полномасни алтернативи, а сето ова доаѓа од човек кој цел живот го има посветено на слабеење мажи и жени.
Тргнувајќи од математиката дека секогаш кога е во прашање студ телото троши калории за да го надомести минусот во температурата, американски доктор, инаку сериозен борец против диети, предлага слабеење со јадење мраз.
Истражување меѓу жените на британскиот остров покажало дека во животот на една жена има двојно повеќе диети отколку љубовници. Не навлегуваме во причините на овој тажен сексуален скор, но факт е дека брзо се откажуваат, од диетата.
Благодарејќи на познатите од калиброт на Гвинет Палтроу или Новак Ѓоковиќ, безглутенската диета денес е една од најшик режимите на исхрана. Луѓето шпедантно пазат да не голтнат глутен, ама притоа бутаат мрсно без мерка.
Надвор од вообичаените принципи за смислување режим на исхрана кој ќе ја намали тежината, човек од Минесота сосема елегантно си ја поправа линијата така што секој октомври е исклучиво на пиво и кобасици.
И на цел понеделнички шпринт, кој обично е еднаков на минус два, сабајлето се будиш и заедно со маглата и долгите редици на црвено, ти си мислиш дека денес треба да ја започнеш и диетата која си ја одложувала веќе сто понеделници. Во тие случаи е оправдано да кажеш: "Ебати животот".
За оние кои им е здосадено да бројат калории или применуваат други стандардни методи на задржување на линијата, екипа гастроентеролози смислиле ефикасен гаџет кој ќе им помогне да се решат од вишокот изедено. Одвратно ефикасен.