Логиката зад деновите со "крадење" или порелаксираните правила за време на викенд се базираат на психолошкиот аргумент дека тие "помагаат луѓето да се чувствуваат помалку ограничени, а планираното прекршување на диетата им дава ментална издржливост да го истераат режимот во претстојните денови од диетата."
Најла Бирн од Универзитетот на Тасманија сега тврди дека освен психолошкиот има и биолошки аргументи во корист на прекршувањето. Според нејзе ваквите прекини помагаат во борбата против "адаптивната термогенеза" која се јавува како реакција на телото на намалениот број калории што го внесуваме.
"За време на адаптивната термогенеза метаболизмот станува побавен како дел од напорите на телото да ја задржи секоја калорија што ја внесуваме," се објаснува во анализата на студијата.
За потребите на студијата се следат две групи кои држат диета. Едните прекршуваат, другите се поштени. Крајниот резултат е дека луѓето од групата која ја прекршува диетата ослабеле во просек 14 килограми (од кои 12 биле сало), додека припадниците на контролната група, кои ништо не прекршуваат во просек се паднати за 9 килограми (од кои 8 се сало). Диетата трае 16 недели.
Она што треба да се знае за студијата, пред да направиш масакар од својата диета, е дека сите оброци за потребите на истражувањето се подготвувани во комерцијална кујна, со помош на нутриционист и се испорачувани до домовите на учесниците. Во текот на целата студија храната е адаптирана на новите резултати и промената на тежината и метаболизмот.