Што научив работејќи во геј продавница за фетиши

Текстов од Вајс ви го пренесуваме, прво, затоа што е ултра забавен за читање, и второ, да им нафрлиме предизвик на Сузе и Горан од Валијант да седнат и да ни напишат како стојат работите со муштериите на домашен терен.

Поминав неколку години работејќи во секс шоп, и сфатив дека има неколку трајни вистини поврзани со мојата професија.

Прво, лезбејките се најфините муштерии. Без исклучок. Второ, луѓето за кои мислите дека би биле последните што би купиле некој производ, се првите кои ќе го купат. Прекумерно дебели мажи кои пазарат мали кожни танги, на пример, или пелени за возрасни купени од високи, секси возачи на велосипеди, кои вие навистина -  ама навистина! - не би сакале да имаат фетиш да се серат во гаќи. Трето - и конечно - морате да прифатите дека голем дел од вашиот ден ќе биде поминат во занимавање со лажни телефонски повици и пораки.

Секако, има и голем број други племиња кои постојано ми минуваат низ продавница. Еве некои од нив:

ГУМЕНИ ПЕНЗИОНЕРИ

Сега можам со гордост во своето СиВи да додадам „експерт за ослободување на стари луѓе од гумени облеки". Љубоморни сте? Ако да, тогаш контактирајте ме и покривајте некои од моите смени, затоа што сигурно ќе налетате на голем број џентлмени, кои очигледно одлучиле дека најдобриот начин да ги поминат нивните 70-ти е да шетаат наоколу во гумено гњуречко одело.

Се сеќавате на онаа епизода од „Пријатели" кадешто Рос се заглавува во онакви кожни пантолани? Е сега замислете го истото ама со целото тело, од виснатиот врат до пожолтените нокти. На еден муштерија двапати сум му го сечел гуменото одело, и секој пат беше подеднакво грозно.

ФЛЕШЕРИ (по нашки: манијаци)

Ова ми е навистина болната точка. Има еден вид муштерии кои сметаат дека, затоа што влегле во продавница за фетиши, одеднаш имаат дозвола да си ги извадат куровите. Најлоши се оние кои доаѓаат за да купат прстени, демек „забораваат" која величина им треба, па ви ги вадат  патлаците за вие да просудите.

„Што мислиш, брат?"

Она што го мислам е да си го вратиш тоа курето внатре. И дека не сакам да го видам пак. Никогаш. (Важна забелешка: Овој тип не треба да се меша со такви кои почнуваат ноншалантно да си го дркаат додека ги пребаруваат полиците, тие се сосема различен и за среќа поредок жанр крипови).

САУНА МУШТЕРИИ

Овие типови ни се омилените. Доаѓаат по кондоми, лубрикант и поперси на пат до сауната (вообичаено неколку пати неделно), како да си купуваат литро млеко или тоалет хартија. Баш фино за нив. Нема ништо лошо во тоа да имаш секс со неколку партнери на јавно место.

Поджанр на сауна муштериите се засрамените викендаши - оние кои доаѓаат в недела наутро со исушено, сиво лице кое вели: „Ги минав минатите 48 часа инјектирајќи си мефедрон во обид да излезам на крај со сите курови што ми мафтаа околу глава".

Овие типови ми го облагородуваат викендот.

ГРАДСКИ ДЕЦА

Ова се батки кои одат на фетиш тематски журки или настани во стилот „Градина на тортурата", и тоа за прв пат. Ќе ти повторуваат по сто пати дека "не се геј" и дека нивниот пријател ги поканил во последен момент. Стално имаат пари свиткани во ролна во џепот, кои ќе ги употребат за да го платат најгрозниот костим. Верувајте ми кога ви велам дека кучешка маска, гумени Супермен шорцеви и кожна престилка нема да ви донесат пријатели.

ШЕПКАЧИ

Има нешто во врска со секс шоповите кои прави некои луѓе да се чувствуваат како да треба да шепотат. Добро, тоа е веројатно бидејќи повеќето од нив никогаш претходно не виделе огромни метални дилдоа, но тоа не значи дека треба да зборувате како да успивате бебе. Сте дошле да прашате за најдобрата величина за затка која сакате да си ја ставите во анусот - па тогаш, пичка му матер, пораснете и зборувајте ми со глас на возрасен.

ЛУЃЕ ШТО СЕ КИКОТАТ

Сфаќам, продавниците за фетиши се смешни - сето тоа има врска со секс, а некои од предметите дури имаат форма на гениталии. Но муштериите кои само влегуваат за да се кикотат на пар кожни пантолани можат да се носат у мајчина дур носат пар такви.

КМИШАЧИ

Има муштерии кои толку многу ја сакаат продавницата што остануваат по два саата, како да се заглавени во некаков кожен лавиринт. Некои од овие луѓе ми се имаат издлабено во око засекогаш.

На пример, никогаш нема да можам да го од-видам ѕидарот во чипкани гаќички кој го помина целото попладне пробувајќи гумени трикоа. Сум видел и луѓе што доаѓаат и пазарат саат време, случајно го оставаат купеното во продавницата, а потоа се враќаат и пак го купуваат истото, како да не можат да се одделат од неа.

МУАБЕТЏИИ

Веднаш да се оградам: не сум срамежлив. Мислам...работам во фетиш шоп. Среќен сум ако секој си прави што си сака, сè додека постои договор.

Ама знаете што? Навистина не морам да слушам како сте си го расцепиле г'зот, или за тогаш кога сте си ја извадиле „затката" и сте го уништиле ќилимот. Ништо од ова нема да ми помогне да го најдам она што го барате. Бидете конкретни. Ќе ни помогне и на двајцата.

Сепак, кога има специфични прашања  - како следново „Сакам да си пикам тупаница ама рацете да ми се слободни, имате ли некоја справа на која може да се стави пластична тупаница?" -  се прашувам дали сум ја одбрал вистинската професија.

Автор: Расел Дин Стоун

30 октомври 2014 - 18:35