„Бев платен економски убиец“ беше првата книга на Перкинс која цели 73 недели се наоѓаше на листата на бестселери на Њујорк Тајмс. Подоцна напиша уште една на таа тема и во неа покажа како системот кој тој помогнал да се воспостави стана доминантен модел по кој фунционира бизнисот и владите.
Платените економски убијци го измамија светското население и опљачкаа држави за трилиони долари лажен и наметнат долг, ширејќи се како канцер по планетата, воведувајќи го светот во робовски систем во кој шака психопати енормно ги зголемија своите богатства во услови на бескрајни војни и пљачки, користејќи се со едноставна метода - корумпирајќи сè што може да се корумпира и ликвидирајќи ги малкутемина кои не може.
Економските убијци во форма на банкари, лобисти, корпоративни извршители и слични на луѓето и владите ширум светот им наметнуваат политика која богатите ги прави уште побогати а сиромашните - посиромашни. Перкинс покажува како економските убијци и мршјадци ја имаат нападнато и Америка, уништувајќи ги темелите на демократијата и економијата со огромна брзина, влечејќи ја средната класа во сиромаштија.
Предговорот на книгата го напиша Јанис Варуфакис а со него разговара Биљана Ѓоровиќ од Геополитика.
Интервјуто со Вас, објавено во „Геополитика“ непосредно по објавувањето на Вашата книга „Исповед на економскиот убиец“, претставуваше мини нуклеарна информациска бомба. Се работи за книга што откако ќе ја прочитате ви ја менува перцепцијата и целиот живот во глобала. Дванаесет години по нејзиното објавување објавивте книга со наслов „Нови исповеди на економскиот убиец“. Г-дине Перкинс, би сакала на почетокот да потсетиме на вашата професија „економски убиец“, занимање на кое посветивте десет години од Вашиот живот.
Мислам дека редно е да се каже дека економските убијци се креатори на првата вистински глобална империја, и тоа повеќе корпоративна одошто американска, иако таа е секако поддржана од американската влада, Пентагон, ЦИА и други слични организации. Благодарение на нив, првата глобална империја е создадена без примарно ангажирање на војската. Патував во Африка, Азија, Европа, Латинска Америка и на Средниот исток. Работата секаде беше иста: да се обидам да преземам природни и човечки ресурси за потребите на американските корпорации и американската империјална политика.
За таа цел, по правило беа применувани механизмите на задолжување на ММФ и Светска банка. Работевме на многу различни начини. Пред сè, кога би била идентификувана земја од третиот свет која поседува ресурси за кои сме заинтересирани, би настапиле со амбиција таа земја да се задолжи кај ММФ и Светската банка, при што парите во суштинаникогаш не одеа кај земјата туку кај корпорациите што реализираа инфраструктурни проекти, како електрани, сообраќајници, индустриски погони. Парите кои се зајмени, по правило одат кај неколку семејства во таа земја (што за нив претставува огромно богатство) и кај корпорациите, а никогаш не им носат добро на повеќето граѓани на земјата-должник кои осиромашуваат до толку што повеќе не се во можност ниту да си ги подмират трошоците за струја, ниту да купуваат нафта за да се возат по автопатиштата кои се направени со тие пари. Истовремено, земјата се оптоварува со долгови што не може да ги врати, и тоа е нашиот момент, оној на кого чекаме и сметаме. Тогаш ние се враќаме назад и велиме: „Затоа што не можете да ги вратите долговите, вие сега (по многу ниска цена) ќе ни ги продадете вашите извори на нафта, своите најпрофитабилни претпријатија, своите извори на вода и минерални богатства, ние ќе ги експлоатираме и не дозволуваме нашата работа да биде условена со било какви еколошки законски ограничувања. И/или: ќе изградиме и воена база на ваша територија.
Државите тогаш се наоѓаат во ситуација каде не можат да го отплатат долгот, па мораат да ги продадат своите ресурси на корпорациите за малку пари, и тие ресурси се приватизираат. Ги продаваат своите државни компании за производство на струја, системи за водоснабдување, училишта, банки, затвори - сè е предадено на корпорациите. На тој начин навистина создадовме империја.
Во неколку случаи каде тоа не ни појде од рака - а во мојата книга напишав како тоа не ми успеа со неколку претседатели - доаѓаат луѓе кои ги викаме „шакали“ и ги рушеа владите или ги убиваа нивните лидери. Во случај ни тие да не можат да го обават својот дел од задачата, праќавме војска. Значи, војската е последното средство.
Вашата книга „Исповед на економскиот убиец“ е посветена на два претседатела: Омар Торихос од Панама и Хаиму Ролдосу од Еквадор, кои беа убиени затоа што не сакаа да влезат во играта што сте им ја понудиле.
Тие загинаа во она што се нарекува авионска несреќа. Нивната смрт не беше никаква случајност, убиени се. Тие се единствените двајца претседатели со кои сум работел, а не сакаа да подлегнат на овој тип на притисок. ЦИА на сопствениот веб сајт неодамна објави класифицирани информации, признавајќи дека била вклучена во паѓање на претседателите и нивно убивање, вклучително и она на Мосадеg во Иран, Арбенза во Гватемала, Диема од Виетнам, Лумумбе од Конго, и Аљенде од Чиле. Аљенде беше многу карактеристичен случај затоа што тој беше заменет со многу бруталниот диктатор, генералот Пиноче, одговорен за смртта на десетици илјади свои луѓе. Беше голем подржувач на операциите на ЦИА во Латинска Америка, под збирно име Кондор. Тој беше препознаен од државниот секретар на САД, Хенри Кисинџер, како голем бранител на капитализмот. ЦИА и американската влада признаа дека се бавеле со вакви активности.
Економските убијци ги проследуваат парите за подмирување на водечките политичари преку институциите, разни агенции или организации што го носат префиксот „помош“.
Да. Парите се проследуваат преку Светската банка, разни американски агенции за развој (USAID е една од главните) и разни други организации за пружање помош. Во случаите на кои работев, ние би влегле во земјата и би им соопштиле на лидерите: „Ние направивме студија овде кај вас, и знаеме дека доколку изградите голем систем за снабдување со електрична енергија, електрани, системи за дистрибуција итн., вашата економија ќе процвета, и ние сакаме на вашата земја да ѝ дадеме голем заем а вие ќе ги ангажирате „Бехтел“ (види: Бочварски ќе нè штител од Бехтел, ај важи), „Халибартон“, „Браун“, една од нашите компании, да ви го изгради системот. Парите што ви ги даваме вие ќе им ги дадете ним.
Значи, парите воопшто не влегуваат директно во вашата земја. Светската банка веднаш ги препишува парите на банка во Сан Франциско или Хјустон и тие веднаш биваат исплатени на овие компании. Ама, тогаш доаѓа на ред великодушноста кон луѓето кои ја обезбедуваат успешноста на нашиот подвиг: „Случајно, господин претседателе, знаеме дека вашата сестра поседува сопствен бизнис. Ние ќе ја земеме нејзината опрема и ќе ја платиме двојно од тоа што обично некој би ја платил. Ние ќе платиме највисока цена. Знаеме и дека вашиот зет поседува лиценца за продажба на Кока Кола, а нашите градители пијат доста од тој сок, па ние ќе ви исплатиме премија многу повисока од тоа што обично би исплатиле и нема да отвараме конкурс, туку ќе ви платиме директно. И ќе се потрудиме вие, вашето семејство и пријатели да ги пратите децата во американски училишта, и да добијат целосна стипендија. Ќе им средиме вработување за време на распуст. Кога ќе дипломираат, доколку сакаат да останат во САД, ние ќе се потрудиме да им најдеме добра работа.“
Така работев и направив многу слични договори. Се работи за подмитување, сосема легално. Во Америка постојат закони кои изрично забрануваат директно да се појде и да се подмити функционер со цел тој да ја избере конкретна компанија за изградба на електрана, автопат или било каков друг инфраструктурен објект; едноставно му даваме сто милиони долари под рака и тој го прави тоа. Но, постојат и многу други начини како да се направи тоа а да не биде прекршен законот. Некои од нив и опишав.
Во „Нови исповеди на економскиот убиец“ покажувате како економските убијци и „шакали“ оперираат сега.
Тоа е многу интересно прашање. Причината зашто ја напишав „Нови исповеди на економскиот убиец“ дванаесет години по објавувањето на првата книга е тоа што системот се прошири од „земјите во развој“ на САД, Европа и остатокот од светот, и стана далеку полош. Во САД, на пример, многу од нашите политичари се всушност економски убијци. Нашите сенатори и Претставничкиот дом на Конгресот работат скоро ексклузивно за големите корпорации. Можеби се тие избрани од страна на јавноста во САД, но кога веќе еднаш ќе бидат избрани, тие се лојални кон луѓето што им даваат пари за кампањи, а исто и богато ги вработуваат како консултанти и лобисти кога еднаш ќе престанат да се бават со политика, доколку ги изгубат следните избори или одлучат да не се кандидираат. На тој начин тие стануваат економски убијци кои работат во корист на овие корпорации. Тие главно се трудат да ги извлечат овие корпорации од плаќање данок, да добијат многу добри услови за работа, договори за снабдување со ресурси, тие можат да добијат фарми на располагање, рудници, дозволено им е да сечат шуми од јавните површини.
Системот во САД е станат зол и опасен во последниве четиринаесет години. Бројот на „шакали“, луѓе кои уценуваат и убиваат кога економските убијци не можат да ја завршат работата, страшно многу порасна. Тие се уфрлени секаде. Знаеме дека сега владата може да ги слуша нашите приватни разговори преку телефон, да ги чита нашите мејлови, да го контролира нашиот Фејсбук и Твитер. Луѓе како Едвард Сноуден и Џулијан Асанж, почитувани од многумина, вклучително и од некои членови на Конгресот, и се прославија така што изнесоа ставови кои требаше да бидат изнесени јавно, изложени се на прогон. Системот стана многу позлобен.
Од друга стана, сакам да напоменам дека една од причините заради кои ја напишав оваа нова книга е тоа што ширум светот луѓето се будат, и свесни се колку е ужасен системот што им се наметнува. Создадовме глобален економски систем што целосно нè поробува. Неколкумина го контролираат целокупното светско богатство. Тоа е феудализам и луѓето навистина се будат и сакаат да ги преземат работите во свои раце. Тоа го гледам насекаде, секогаш одново и одново. Неодамна бев во вашата соседна земја, Романија, каде постои многу силно движење против ископувањето на јаглен. Тоа го гледаме сегде.
Патувам насекаде по светот и гледам дека луѓето се будат. Луѓето сфаќаат дека живееме во еден деликатен момент и дека немаме брод за спасување. Итаме кон несреќа. Мораме да го смениме правецот на бродот. Значи, два процеса течат паралелно. Во текот на изминативе дванаесет години, економските убијци и „шакалите“ зедоа силен замав, а од друга страна луѓето сè повеќе се будат од трансот и сфаќаат што се случува, и почнуваат да преземаат акција за да ги запрат.
Дали верувате дека сега се загрозени самите основи на демократијата? Како би го нарекле овој систем, кој нè опкружува од сите страни, кој е во основа корпоратократија како нова форма на феудализам или ропство?
Поставувате некои многу важни и централни прашања, и ви благодарам на тоа. Не ми е драго што морам да го кажам ова, но САД повеќе не е демократска земја. Не сум сигурен дали некогаш и била. Жените долго време немале право на глас, малцинствата исто, но се движевме кон демократија а во поновата историја корпорациите станаа толку моќни што ја создадоа денешната олигархија. САД е денес олигархија под контрола на големите корпоративни моќници.
Системов станува сè поужасен и сакам да видам промена и мислам дека луѓето тоа можат да го сменат. Процесот е во тек. Мислам дека сегашните претседателски избори покажуваат големо незадоволство кај Американците, како и кај Србите, и кај многу други народи на светот. Фактот дека Доналд Трамп е толку популарен, како и луѓето од десницата, и тоа дека Сандерс е така популарен меѓу левичарите, ни говори дека луѓето се многу незадоволни а јас ги охрабрувам да тргнеме кон демократија и поправеден начин на живот. Капиталист сум и верувам во капитализмот, но она што го имаме денес не е капитализам, туку олигархија. Капитализмот налага средствата од трговијата и индустриите да ги поседуваат сопственици а не влади, а денес реално приватниот сектор го чинат корпорации. Корпорациите всушност ги поседуваат владите. И тоа е најлошо од сè. Според мене, најдобар модел е оној каде приватната индустрија го поседува бизнисот, а владите се независни и неврзани со големите бизниси. Најлошо е кога се поседуваат корпорациите, а тоа е она што денес е реалност во САД и голем дел од светот. Тоа е многу нездрав систем, јас го нарекувам предаторски капитализам, тој и го создаде она на што нарекувам смртоносна економија. Смртоносниот глобален економски систем се заснива на долг, на страв, на милитаризација и на уништување. Смртоносната економија самата се води кон уништување. Мораме тоа да го смениме. Мораме да направиме економија што подразбира спречување и отстранување на последиците од загадувањето. Мораме да ја вратиме уништената природна средина и да ја унапредиме технологијата за комуникација, енергија, транспорт, банкарство. Мораме да развиеме системи кои ќе рециклираат а не и понатаму што ќе ја уништуваат планетата, да разбереме дека ние поседуваме сè што ни треба на оваа планета, и да го користиме тоа на многу подобар начин. Постојат толку работи кои можеме да ги направиме за да креираме животворна економија, и тоа е она што мораме да го направиме. Мислам дека луѓето се свесни дека тоа мора да се одигра и дека неопходна корпорациите да се променат.
Како денес делуваат економските убијци и „шакали“ на Балканот, во Азија, во Централна и Јужна Америка и на Блискиот исток?
Како што веќе објаснив, традиционалните системи на економските убијци ги напаѓаа сите земји кои поседуваа ресурси што корпорациите сакаат да ги присвојат, вклучителни и човечки ресурси и пазари, и тоа го сторија со посредство на издавање огромни долгови по што земјата постанува заробена.
Во мое време, тоа го работевме на генеричко ниво. Кога еднаш би ги вградиле заемите, немав гајле дали тие ќе бидат користени за да се најми “Бехтел“, „Браун“ или „Халибартон“ или било која друга корпорација која гради вакви системи, сè додека се најмува една од нашите компании за работа. И тој стандарден образец сè уште се реализира во многу делови на светот. Но денес секоја корпорација има свои тимови од економски убијци, така што „Монсанто“, „Најк“, „Волмарт“, „Шеврон“, фармацевтските корпорации, компаниите за медицински бизнис, сите компании за производство нафта и многу други имаат свои тимови од економски убијци кои одат на сите краишта на светот и обезбедуваат доби услови за своите корпорации и во целост го разјадуваат системот на државата.
Секоја корпорација има своевидни економски убијци и поробува земји, земајќи од таму природни или човечки ресурси. Многу од овие компании имаат и свои „шакали“. Најмуваат измамници, убијци, или ангажираат локалци на теренот како свои убијци, затоа што сакаат да останат со што почисти раце. Гледаме многу случаи во земјите ширум светот каде корпорацијата користи локална полиција, локални полициски единици итн., за да го добие она тоа што го сака. И, секако, прилагодувајќи закони во тие земји за такви цели. Системот загриза на злосторништво во последниве неколку години, и единствен начин да го запреме е тоа да го препознаеме, и да не дозволиме да се случува.
Корпоратократијата делува на основа на нови закони кои се воведуваат, а главни се таканаречените спогодби за тргување, како што се НАФТА, ЦАФТА, ТТИП, ТТП и многу други.
Овие спогодби ја зголемуваат моќта на корпорациите и корпорациите денес се во најголем број случаи помоќни од владата на земјата во која работат. Ќе ви дадам еден многу јасен пример за САД кој се однесува на влијанието што го имаат две од овие спогодби што ги спомнавме: НАФТА, Северно американска трговска спогодба, и ЦАФТА, Централно американска трговска спогодба. Доколку голема фарма од агрикултурната индустрија во САД може да произведе пченка за 5 долари, а мал фармер од централна Америка може да ја произведе истата пченка за 3 долари, тогаш праведно е овој мал фармер да има многу поголема заработувачка ако се ограничи на тоа да го продава својот производ локално во Централна Америка, и тоа во крајна линија би било добро за централна Америка во целост. Благодарејќи на НАФТА и ЦАФТА, американскиот агробизнис добива многу големи субвенции од владата на САД (3 долари по единица) така што што тие можат да ја продаваат пченката и за 2 долара и пак да генерираат профит, додека централно американскиот фармер не може е да добие субвенција од својата држава. По НАФТА и ЦАФТА, централно американските земји не можат да наметнат такси на увозната пченка, и сè е направено за централно американскиот фармер да не може да го продава својот производ. Тој не може да се натпреварува со големиот американски агробизнис и останува без работа. Изборот му е: да остане на земја и да умира од глад, или да работи како продавач за корпорациите за минимална надница, и да мигрира во САД и да стане нелегален емигрант.
**********
Види и: