Здраво Трендо,
Ти пишувам од причина што во Службен весник се објави новиот закон за градење на автопатиштата со директен договор со Бехтел-Енка, а ниеден медиум не го објави текстот на законот во целост. Барем јас не сум забележал.
Наспроти штурото пренесување од страна на некои медиуми, дека се работи за зделка без тендер, самиот закон е многу пати поскандалозен од тоа. Буквално со ова и официјално се сведуваме на колонија, бидејќи фирмата ќе има права да прави буквално што сака. Па мислам дека и во поранешните колонии, господарите и нивните слуги имале повеќе чувство за искористуваната земја и за искористуваниот народ.
Буквално секоја одредба од законот е против секоја правна и цивилизациска норма и во Македонија и во светот.
Јавноста заслужува да го види текстот интегрално. Иако сум скептик дека нешто би се сменило...
Интересно е дека сите партии некако се сложни за законов. Немаше илјадници амандмани и филибастеринг, дури и колку што разбрав никој не гласал против. Медиумите и НВО-ата исто така молчат, не дека очекував нешто од нив... Вреди да се постави прашањето - зошто?
Поздрав,
Ивица