- Деновиве е промовирана нова рубрика на официјалната веб страница на Белата куќа во која се критикуваат и каталогизираат медиумите за кои се тврди дека ги искривувале своите известувања.
- Слоганот на рубриката е „Заблудувачко. Пристрасно. Разоткриено.“
- За почеток, за „медиумски престапници на неделата“ се прозвани Бостон Глоуб, Си-Би-Ес њуз и Индипендент заради неточно толкување на реакциите на Трамп за шестемина демократски пратеници кои ги повикаа воените лица да не ги почитуваат нелегалните наредби.
- Имаат и своја верзија на „Стигнавме на дното“ која им се вика „Offender Hall of Shame” со статии од Вашингтон пост, CBS News, CNN и MSNBC (денес MS Now). Секоја статија е категоризирана во една од подрубриките: „пристрасно“, „непрофесионално“ или „левичарско лудило“.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.