Однапред се извинуваме за последиците што може да ги искусите од гледањето на овие видеа. Ама (спојлер) има ли поубаво од звук на рака што минува по плишана прекривка?
Во оригинал текстов ги има следниве тагови: секс со пчели, фетиши, мелисофилија, сексуална девијација, живот, забава. Сè ни е јасно, освен тоа „забава“.
Нов документарец открива супкултура на луѓе кои сакаат да глумат кученца. Иако ова има и сексуална конотација, многу повеќе се работи за игра која некои луѓе ги прави среќни. Како ќе ги познаете? Весело мавтаат со опашките кога ги чешкате зад увцињата.
Во главниот град на Косово постои бутик кој продава женска облека, исклучиво онаква каква што би носела некогашната државна секретарка на САД со претседателски амбиции, Хилари Клинтон. Ако не знаете каде точно е сместен бутикот Хилари, прво дојдете до плоштадот Бил Клинтон.
Иако на Запад сè погласни стануваат движењата за толерантност кон нечија тежина, стравот и натаму е доминантна емоција во врска со вишокот килограми. Не и за една шарена заедница луѓе чиј фетиш е да јадат и да се дебелеат.
Да ви понудиме неколку странски статистички податоци за тоа кои се најомилените и најретките сексуални фантазии кај мажите и кај жените. Табелите може да ви откријат две работи. 1) Да споредите колку вашите фантазии ги имаат други луѓе. 2) Да сфатите дека и мажите и жените лажат отприлика исто.
Текстов од Вајс ви го пренесуваме, прво, затоа што е ултра забавен за читање, и второ, да им нафрлиме предизвик на Сузе и Горан од Валијант да седнат и да ни напишат како стојат работите со муштериите на домашен терен.