Пчела или магаре?

На некои луѓе им е слатко со пчели

Во оригинал текстов ги има следниве тагови: секс со пчели, фетиши, мелисофилија, сексуална девијација, живот, забава. Сè ни е јасно, освен тоа „забава“.

Живописните сексуални преференци не ни се проблем, сè додека се практикуваат консензуално, помеѓу возрасни човечки единки (и по некоја кукла на дување). Ама во случајов сочувствуваме со благородните инсекти, чија корисност за човештвото би требало да завршува кај вредното собирање мед.

„Мелисофилија“ (од грчкото мелиса - пчела, филија - љубов, склоност, мерак), е еден од полудите сексуални фетиши, особено погледнато од аспект на пчелите. Се работи за луѓе кои се палат на пчели, но не само затоа што овие боцкаат и така предизвикуваат болка (ако е за така и шпенадла може да заврши работа), туку затоа што се работи баш за пчели.

Љубителите на ваквата дружба имаат различни методи за фаќање на нивниот плен, но книгата „Сè што сте знаеле за сексот е погрешен“ од Рас Кик објавена 2005 објаснува еден специфичен детал. Луѓето ги фаќаат пчелите во тегли, ги тресат за тие да се замелушат за после да не одлетаат, а потоа си ги ставаат на гениталиите очекувајќи да бидат боцнати. После боцкањето местото станува круто, и...знаете веќе.

Секако, има и други инсекти што полазуваат, касаат, бодат, но мелисофиличарите се исклучиво по пчелите. И ако наидете на кебапчилница или слаткарница со име „Пчела“, да не се понашате како да влегувате во секс-шоп.

 

27 април 2017 - 11:02