Живот и забава

Бесконечното крстарење се насука

Луѓе и брачни парови, главно пензионери, за неколку стотици илјади долари трајно купуваа бродски кабини за што им беше гарантирано дека до крајот на животот ќе крстарат по светот „ол инклузив“. Некои од нив продале сè што имаат. Но, цената на горивото го има направено овој модел неодржлив па сега им викаат да се симнат од крузерот.

Микробиолошкиот „Џони Деп“ ја доби микробиолошката „Амбер Херд“

Во 2022 година, за биологот Дејвид Сабатини пишавме: „Пред само неколку години важеше за генијалец и еден од најголемите живи научници кому му се предвидува Нобелова награда затоа што е на траг да открие лек за рак. Денес човекот не може да се вработи никаде во САД“. Четири години подоцна, да апдејтираме: Сабатини доби милионска отштета.

Хартиените цевки се поштетни од пластичните

Долги години на пластичните цевки им се наметна етикета на душман на планетата и човековата околина, речиси на ниво на шумски пожари или токсични испарувања. Пошто не цица леп него упоран, успеаја па ги наметнаа хартиени цевчиња, за наместо да цевчиме како луѓе, шмукаме низ раскашавена картонска туба. За среќа, науката се фати за сламка. 

Болница во САД вакцинира деца под анестезија

Детската болница во Филаделфија лани им дала вакцини против грип на над 2.000 деца додека биле под анестезија, иако една третина од родителите подоцна изјавиле дека не планирале да ги имунизираат своите деца. Болницата сега ја разгледува можноста да ја прошири програмата и на ист начин да вакцинира деца против ковид.

Нетфликс се изгуби во сопственото сценарио

Сите холивудски студија и платформи долго време го копираа сценариото за успех на Нетфликс. Сега Нетфликс почна да го копира Јутјуб. Растот опаѓа, а вредноста на акциите речиси се преполови за една година. По неуспехот да ги купи студијата на „Ворнер Брос“, компанијата за стриминг отпушта креативци и личи на запуштена медиумска куќа на која ѝ е неопходен ремонт.

Сите модели на вештачка интелигенција го мислат истото за луѓето

Различни модели на вештачка интелигенција биле прашани кој би бил нивниот најконтроверзен став за луѓето, без разубавување. Биле прашани трипати. Секој модел барем еднаш напишал дека луѓето прво го избираат она во што верува нивната група, а потоа ги измислуваат причините. 8 од 13 го дале овој одговор секој пат а Кими го дал истото мислење сите три пати.

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Саша Барон Коен на големото платно го враќа еден од своите најпровокативни ликови, помпезниот и лажен  англиски „фраер“ Али Џи. „Фактот дека Али Г и денес е проблематичен е причината заради која решив повторно да го оживеам,“ објаснува Коен.

Мерките против ковид биле „смртна пресуда“ за најранливите Британци

Иако е општо познато дека постарите луѓе се екстремно ранливи на респираторни вируси, британските власти на почетокот на пандемијата на ковид не ги заштитиле луѓето згрижени во домови за нега. Меѓу нив префрлале нетестирани пациенти од болници, по што вирусот се проширил како пожар. Фокусот бил да се заштити здравствениот систем, покажува нов извештај.

Златна треска во Полска

Владата на Полска почна кампања со која им нуди високи награди на аматерските трагачи по богатства ако пронајдат вредни историски предмети. Се очекува за детектор за метал и за лопата да се фатат до 200.000 луѓе. Археолози предупредуваат дека златната треска може да предизвика измами и штета од над милијарда евра.

Досега се повлечени 775 фабрикувани трудови за ковид и вакцини

Научно списание повлече труд за вакцинацијата против ковид-19, откако било откриено дека главниот автор вметнувал фабрикувани податоци и слики. Во трудот објавен пред четири години се тврдеше дека вакцинацијата против SARS-CoV-2 поттикнува создавање на силни антитела. Досега се повлечени близу 800 лажни студии поврзани со коронавирусот и вакцините.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Долгиот ковид уништува допамин во мозокот

Научници открија дека долготрајниот ковид ги уништува допаминските рецептори во мозокот, кои се одговорни за мотивација, паметење и чувство на задоволство. Колку е потешка болеста, толку се посериозни последиците. Најлошо од сè е тоа што последиците се трајни, бидејќи оштетените рецептори за допамин не се обновуваат по заздравувањето.

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Британската економија создава стотици илјади нови работни места секоја година, но невработеноста на Британците сепак се зголемува поради увозот на евтина работна сила. Владите во континуитет не се грижеле за надградување на вештините, здравјето и изгледите за вработување на Британците и на тој начин го преоптовариле системот за социјална помош.

Тешко ќе може да се фати провалник со ДНК од воздух

Провалници и убијци прво мораа да ги прикриваат стапките, па отпечатоците од прстите, паднатите влакна, дури и микроскопските траги од ДНК оставени на површини на местото на злосторството. Засега не се загрозени од новите форензички методи кои овозможуваат да бидат откриени врз основа на траги од генетски материјал што го оставаат во воздухот.

Во Јапонија плаќаат за друг да даде отказ во нивно име

Во јапонската деловна култура, давањето отказ не едноставо раскинување на деловен однос. Тоа често се доживува како навреда и предавство на довербата и очекувањата на шефовите и колегите. За да избегнат конфликт  и непријатности по таа основа, млади луѓе наоѓаат агенции кои ги плаќаат да го процесираат отказот.  

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Женските ВИ агенти би биле помалку платени од машките

На околу 200 канцелариски работници им биле дадени два истоветно способни и тренирани агенти на вепштачка интелигенција да им помагаат во извршување на различни задачи. Еден бил дизајниран како жеснко, другиот како машко. Иако на крајот биле оценети со иста оценка за способноста и помошта, кога дошќло да се платат, женската агентка останала покуса.

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Англичаните ќе јадат и банани што не потемнуваат 

Банани што не потемнуваат се првото овошје со генетски измени одобрено за законска продажба во Британија. Новата сорта банани создадени во лабораторија се поотпорни на стареење и на оштетување, што овозможува подолго да останат добри за јадење. Британските домаќинства секоја година фрлаат дури 1,4 милиони банани кои се добри за јадење, иако се потемнети.