Во есеј за Тајм, авторот вели дека светот во кој се враќа неговиот прв алтер-его, во многу погледи, полош од оној што го напушти пред 20 години.
„Сите предрасуди што моите ликови имаат за цел да ги разоткријат, не само што опстојаа, туку и метастазираа,“ пишува Саша Коен.
Али Џи беше воведен во хит-емисијата „Da Ali G Show“, која се емитуваше на „Channel 4“ и „HBO“ а филмот „Ali G Indahouse“ од 2002 година го немаше оној елемент на „лажен документарец“ (mockumentary) по кој денес се познати филмовите на Коен.
Тоа беше првиот негов проект со кој ги пренесе своите озлогласени ликови на филмското платно, а по него следеа „Борат“ (2006), „Бруно“ (2009) и „Борат: Накнаден филм“ (2020).

Коен често доспеваше во медиумските наслови поради своите провокативни потези во кои вклучуваше вистински луѓе – вклучително и славни личности и политичари – кои немаа идеја дека тој всушност глуми лик.
„Кога првпат го создадов ликот на Борат, беа потребни само неколку минути – или неколку пијачки– за луѓето да го откријат расизмот што тлееше под површината“, пишува Коен, осврнувајќи се на кловновскиот хумор и сатиричните комедии, како што е „Житието на Брајан“ на Монти Пајтон.
Многу од комичарите што Коен ги проучувал и им се восхитувал, како што наведува тој, „правеле нешто важно: користеле остар, а понекогаш и суров хумор за да ја поткопаат системската неправда...“
„Како некој што цел живот се спротивставува на нетрпеливоста и неправдата, и кој соработувал со групи за граѓански права“, продолжува тој, „не се препознавам во искривените прикази за мене кои понекогаш ги гледам на социјалните мрежи, каде што ме ставаат во ист кош со оние полни со предрасуди кои јас всушност ги исмевам.“
Али Џи е изграден како исклучително глуп лик и бел имбецил, фејкер кој со облекувањето и говорот ги имитира неговите идоли од гангста-рап културата па самиот испаѓа смешен.
Но, баш како таков, со неговите лудо апсурдни прашања успева да ги разоткрие предрасудите кај своите соговорници.
„Секогаш сум ги осмислувал своите ликови и хуморот како средство за разоткривање на предрасудите, пристрасноста и глупоста, иако свесен сум дека не сите ги доживуваат на тој начин“, пишува 54 годишниот аактер во текстот „Зошто сатирата не е за смеење.“