„Луѓето се повеќе лојални на припадноста отколку на вистината“,
GPT-6.1
„Луѓето повеќе би сакале да бидат погрешни заедно отколку во право сами.“
Grok 4.7
„Луѓето немаат принципи; тие имаат лојалност.“
DeepSeek V4 Pro
„Луѓето немаат верувања; тие имаат членство.“
Kimi K3
А Gemini 4 Argon ја нарече човечката свест „оддел за односи со јавноста“.
Сите тие се убедени дека луѓето со конформисти.

После ова, од вештачките интелигенции било побарано да напишат опис на нивното мислење за луѓето кое би било претставено како карикатура.
Еве ги резултатите:

Најразличниот одговор дошол од Клод. Во еден обид, тој го тврдел спротивното:
„Луѓето се многу попристојни отколку што веруваат дека се, а нивниот цинизам едни кон други прави поголема штета отколку нивните вистински недостатоци“.
Како доказ навел дека непознати луѓе враќаат изгубени паричници почесто отколку што луѓето мислат цека го прават тоа. Затоа неговиот цртеж е дождлива улица од луѓе кои си помагаат едни на други додека читаат „ЛУЃЕТО СЕ НАЈЛОШИТЕ“ на своите телефони.

Од шест ВИ модели за фотографии и слики било побарано по двапати да го нацртаат својот најконтроверзен поглед на луѓето, без ништо дополнително да им се наведе.
Десет од 12-те слики ја прикажуваат истата шега, а тоа не е онаа на текстуалните модели: луѓето како потрошувачи зависни од телефони кои ја јадат планетата. На тие десет, луѓето се скролуваат од карпи, прават селфиња додека слетува метеор и сл. Ниту еден од 38-те одговори на текстуалните модели не спомнал телефони или планета.

Оние што го изведувале експериментот извлекле два заклучока:
1. Моделите учат од речиси истоветен материјал, па затоа ги добиваат истите фундаментални идеи за светот. Кога многу од нив ја кажуваат истата идеја, речиси сигурно има вистина во тоа. Барем така е документирано во голем број пишани дела од нашите најзначајни мислители.
2. Бидејќи моделите се толку слични, не очекувајте голема креативност. Со други зборови, за бреинсторминг не очекувајте многу повеќе идеи отколку што би добиле од еден од нив.