Слоуп поинт, најјужната точка на Нов Зеланд, на речиси идентична оддалечност од Јужниот пол и од Екваторот. Место на силни и инаетливи ветришта кои доаѓаа од југот, од океанот.
Нема луѓе. Ама затоа има дрвја, пркосни и инаетливи. Ветерот секој ден пробува да ги скрши. Тие секој ден му одолеваат. Веројатно сакале да пораснат стројни и високи, ама, таков им бил ксметот.