Според обелоденетиот извештај од Управата за храна и лекови (ФДА) од февруари годинава, жените на возраст од 19, 20 и 21 година почнале да чувствуваат симптоми околу две недели откако во 2021 година примиле втора доза од вакцините против ковид базирани на мРНК.
Две од жените ја примиле вакцината на „Фајзер-Бионтек“, а една вакцината на „Модерна“. Две жени починале од миокардитис – воспаление на срцето кое може да биде предизвикано од вакцините – а третата од откажување на повеќе органи по срцева слабост, при што биле забележани и можни знаци на миокардитис.
Експертите од ФДА во извештајот оцениле дека смртните случаи „можеби“ се поврзани со вакцините против ковид. Смртните случаи биле пријавени до Системот за пријавување несакани настани по вакцинација (VAERS).
Наводите содржани во овој извештај се тешки и, доколку се вистинити, бараат одговорност, напиша Џонсон во писмо до министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор, кој има надлежност врз ФДА.
Д-р Винај Прасад, поранешен главен функционер за вакцини во ФДА, лани изјави дека Агенцијата за првпат утврдила дека смртни случаи кај 10 деца се поврзани со вакцините, вклучително и случаи на миокардитис. Подоцна, оваа бројка беше коригирана на седум.
Прасад, кој ја напушти Агенцијата пролетта, неодамна лично оцени дека децата дефинитивно починале како последица на вакцинацијата против ковид.
Кога зборуваме за утврдување на причината за смртта, постојат категории како: „сигурно“, „веројатно“, „мошне веројатно“, „можно“ и „неизвесно“. Категоријата „сигурно“ е недостижна. Кај одредени вакцини, кај починато лице може да се пронајде дел од вакцината или сој што го содржи. Но, тоа не е случај кога станува збор за воспаление на срцето што може да биде предизвикано од вакцините против ковид-19, изјави Прасад.
Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) сè уште препорачуваат повеќето луѓе да се вакцинираат против ковид, откако федерален суд го блокираше барањето за ограничување на опфатот на препораката.
Според трендовите за вакцинација во САД заклучно со 31 октомври, опфатот со вакцинација за сезоната 2026–2027 година изнесувал 13,9% кај возрасните и 5,6% кај децата. Кај лицата постари од 65 години е 27,3%.
******
Види и: ФДА признава: Здрави деца настрадале од вакцините за ковид