Шопинг

Фуџи се опорави поради ТикТокери

Јапонскиот Фуџифилм со години се обидуваше да се преориентира на здравство бидејќи продажбата на фотоапарати им беше „на апарати.“ Но откако млади ТикТокери го открија и инстантно се вљубија во еден нивен ретро дигитален фотоапарат, не успеваат да стигнат да произведат толку парчиња колку што ТикТокерите бараат. 

Амазон ги баталува продавниците „земи и излези“

Изгледаше нестварно добро концептот кој Амазон го промовираше пред осум години по кој влегуваш во продавница, земаш што ти треба и излегуваш, без редови, без каса, без наплата. Иако изгледаше комплетно автоматизирано, во суштина армија Индијци ги гледаа снимките од продавницата и ви ја правеа сметката. Сега ни Индијци не им требаат.   

Патики продадени за 615.000 долари

Да, патиките се на Мајкл Џордан и ги има носено за време на егзибициски натпревар во 1985 кога го забива баскетот толку силно што ја крши таблата, но и покрај тоа се само пар патики.

Дијаманти против ковид монотонија

Како што маските стануваат задолжителни и сеприсутни, така полека почнуваат да се претвораат во најзабележителниот аксесоар што човек може да го има, а тоа отвора сосема други опции.

„Happy Hour“ за пазарење на пензионери

Еден американски ланец дуќани за храна воведе интересна идеја: во дел од денот нивните продавници се достапни исклучиво за возрасни лица.

Годината низ бескорисни производи

Човек да не знае што му е понепотребно: сноп гранки од 42 долари или помошен телефон за телефонот што веќе го имаш.

Притисокот од околината те тера да купуваш работи што не ти требаат

Секое купување на нова работа создава спирала на потрошувачка која доведува до купување други нови работи, без да се има никаква реална потреба од нив.

Њујорк, град на празни продавници

Ако сè уште е точно дека Њујорк е град кој никогаш не спие, тогаш меѓу причините за будноста веќе не е бескрајниот блесок од шарените и примамливи излози. Во царството на потрошувачите речиси секоја голема улица е полна со слободни и празни продавници.

Крај на супермаркетите?

Гигантските брендови за храна и домашни потрепштини во Велика Британија потпишаа учество во новата дигитална платформа која ветува дека сметките од пазарење ќе ги намали за 30%. Ние на супермаркетите никогаш не им простивме што ги уништија локалните гранапчиња, така што, се позна илето.

Опомена за платените препораки

Преку 90 познати фаци од САД добија предупредување во иднина на своите фанови да им откриваат кога се платени за да препорачаат некој производ. Инстаграм и другите платформи се станат елдорада на скриеното рекламирање и таргетирање млади луѓе. 

Кога „научно докажаното“ „загарантирано“ носи проблеми

Нормален потрошувач не еднаш се изгорел во животот па по дефиниција е претпазлив кон звучните тврдења за „гарантирани резултати“ и „клинични тестирања“. Иако во маркетингот тенка е разликата меѓу лагата и разубавувањето на вистината, таа сепак постои и нејзиното пречекорување знае компаниите  да ги чини тешки милиони.

Амазон отвора гранап без каси и редови

За да ја наполните количката потребен ви е само мобилен телефон. И најубавото е што со него не треба ни  да ги скенирате производите што ги сакате. Сам влегувате, земате што ви треба и излегувате. Леле кога ќе стигне ова во Облавце, општина Клечовце, има рај да биде!

Борба за производи што ќе траат и после гаранцијата

До сега Британците имаат собрано над 11.000 потписи за петиција во која од Владата се бара да воведе закон против "планирано застарување" - термин што ја опфаќа праксата на компаниите намерно да ги прават своите производи лесни за расипување и невозможни за поправка.

Плаќање со селфи

"Постојат работи кои не можат да се купат со пари. За сè друго, тука е селфи". Ова би можел да биде новиот слоган на Мастеркард кој воведува нови начини на плаќање и верификација на трансакциите.

Зошто треба да купувате машки верзии на работите

Црвен тротинет за машки, розев тротинет за женски. Двата тротинета се идентични во сè освен во бојата и - парите. Женскиот тротинет е поскап. И тоа не е сè!

Вродената неточност и неважност на бројките од Црниот петок

Нешто налик Денот на мрморецот, првичните наслови и новински извештаи од Црниот петок ќе се обидат да ја најават светлата празнична шопинг сезона, или потрошувачкиот мрак кој наводно ќе ги завие американските трговски центри и фискални каси. Пораката на луѓето што се разбираат од статистики е - се' ова треба да игнорирате.

Алибаба, шопинг катче за диктатори

На онлајн сервисот Алибаба се продаваат куп справи и алатки за мачење. На прв поглед, се купуваат за сексуални фетиши. Но, анализи покажуваат дека најсериозни купувачи се држави со диктаторски режими.

Како да купиш среќа

До сега актуелната теорија на темава ја дели потрошувачката на "трошење пари на животни искуства" и "трошење пари на материјални добра." Заклучокот беше дека среќата се максимизира од: купување искуства, а не работи. Сега едно ново истражување ја искомпликува равенката за среќа.

Директор на годината

Бесна што не работеле и за Божиќ, жена на Фејсбук ја отерува компанијата у три лепе. Директорот седнува и ја отерува неа во четири лепе, потсетувајќи ја дека Божиќ важи и за неговите вработени.

Психолошки трикови на супермаркетите

Со оглед на парите кои се вртат внатре, не е чудно што големите супермаркети се едни од најпедантно истражуваните простори на човечко однесување. Продавачот животно е заинтересиран за психологијата на својот купувач и притоа кумулирал низа трикчиња со кои му олеснува да си ги потроши парите.

Не верувајте на големи попусти

Ако видите дуќан со понуда од 70 или повеќе проценти попуст, баталете го тој дуќан, порачува експерт кој ја проучувал културата на ценкање и пoпусти во Америка.

Конечно, јогурти за мажи

Од Запад добри вести за сите мажјаци кои со наведната глава мораа да купуваат разно-разни активии и да бираат која розевка боја од понудените јогурти ќе ја стават во корпа.

Замок во Шкотска или соба на Менхетн?

Просечна кирија во Бруклин е околу 3.000 долари а просечен апартман се продава за 1,4 милиони. За помалку пари може да се купи цел замок во Шкотска, како оние во Brave Heart.

Живот на висока нога

На ниво на национален корпус, Англичанките лани заедно потрошиле неверојатни 3,5 милијарди долари за чевли. Би им рекле со здравје да си ги носат доколку не беше факт дека две третини од купените кондурчиња никогаш не дочекале да бидат разгазени.