Амазон отвора гранап без каси и редови

За да ја наполните количката потребен ви е само мобилен телефон. И најубавото е што со него не треба ни  да ги скенирате производите што ги сакате. Сам влегувате, земате што ви треба и излегувате. Леле кога ќе стигне ова во Облавце, општина Клечовце, има рај да биде!

Во дуќан во Сиетл Амазон го пушти во бета верзија својот систем на продавница во кои не постојат каси и чекања во редови. А за догодина е закажан официјалниот старт на ланецот.

Системот се базира на сензори и интелигнетни алгоритми а на кориснко му е потребна само апликација. На влез во дуќанот се регистрира мобилниот и се става во џеб, а потоа се оди по тезги,  се земаат производи и се излегува.

Системот знае и кога нешто ќе вратите на рафт па автоматски го вади тоа од вашата вритуечлна кошничка.

 

6 декември 2016 - 09:49