Таг: шопинг

АлиЕкспрес денот, најголем шопинг ден на сите времиња

Алибаба официјално го води како Денот на самците и е празник што го презеде од кинеските студенти, кои го започнаа во 1990-те како прослава на Кинезите без партнер/ка. За само десет години тие успеаа денот да го претворат во најголемиот шопинг настан на светот, привлекувајќи стотици милиони луѓе кои заедно за еден ден ќе потрошат десетици милијарди долари.

Kласичната музика прави да трошиме повеќе

Шведска професорка порачува: музиката пуштена во продавниците и трговските центри може потсвесно да ја зголеми желбата за купување скапи работи. За среќа по нашите не го пуштаат Бетовен.

Тргнал Зидан со жена на шопинг

Доскорешниот тренер на Реал Мадрид кој освои сè што можеше да се освои, сега заслужено одмора со своето семејство. Италијанскиот новинар Танкреди Палмиери кој работи за beINSport објавил колаж фотографии како Зизу ја чека жена му Вероника на шопинг.

Неверојатното искуство на купување во кинески трговски за фејкови

Да не се сфатиме погрешно, ама сè од ова што ќе видите изгледа како кај нас глатко да ќе пројде за оригинален производ. И тоа веројатно е најмалку неверојатно во целата работа. Она што нас не ќари е ценкање какво што немате видено, и како се подогвени да симнат и по 400 долари. Она што уште не ни е јасно е зошто продавачките се намуртени кога им се ценкаш.

Притисокот од околината те тера да купуваш работи што не ти требаат

Секое купување на нова работа создава спирала на потрошувачка која доведува до купување други нови работи, без да се има никаква реална потреба од нив.

Пазариме црно во Скопје

Не дека ни треба изговор, ама ете (ќе) заладува (кај и да е, еве), има нови колекции, човек од црно не може да се умори, се комбинира со сè, плус доста се понашате ко да ви треба посебна причина да одите и да купите црна ташна. Што е битно која по ред.

Амазон отвора гранап без каси и редови

За да ја наполните количката потребен ви е само мобилен телефон. И најубавото е што со него не треба ни  да ги скенирате производите што ги сакате. Сам влегувате, земате што ви треба и излегувате. Леле кога ќе стигне ова во Облавце, општина Клечовце, има рај да биде!

Алибаба, шопинг катче за диктатори

На онлајн сервисот Алибаба се продаваат куп справи и алатки за мачење. На прв поглед, се купуваат за сексуални фетиши. Но, анализи покажуваат дека најсериозни купувачи се држави со диктаторски режими.

Амазон стана преголем за да биде бојкотиран

"Ако го бојкотирам Амазон, каде на Менхетен ќе најдам бебешки пелени? Особено број 7?"

Не верувајте на големи попусти

Ако видите дуќан со понуда од 70 или повеќе проценти попуст, баталете го тој дуќан, порачува експерт кој ја проучувал културата на ценкање и пoпусти во Америка.

Состанок на слепо

А зошто ние жените да не го признаеме тоа? Дека не баш малку мислиме на нив. Дека ни е убаво, и кога трае предиграта и кога ги имаме во раце. Во последно време ги има и онлајн иако традиционалниот начин има свои предности. Сите оние работи кои можат да се набават во шопинг.

 

Колку поголема криза, толку помали пакувања

Французите полека почнаа да сфаќаат дека со ширењето на немаштијата во земјата, светските корпорации почнаа да ги менуваат регуларните пакувања со помали верзии, кои до сега најчесто биле наменети за Источна Европа.

Зошто Обама се облекува досадно?

Прашањето може на прв поглед да звучи банално и снобовски но суштината на одговорот зошто американскиот претседател без размислување ги облекува своите најздодевни костуми, навестува дека тој или неговиот штаб се прилично информирани за новите сознанија за човековата психологија.

Билобил, да не заборави на маментин

Маментин се вика лекот од кој западната цивилизација може да очекува спас, не заради неговите одамна познати ефекти во третирање аутизам туку заради ноовоткриената функција во ублажување на најтешките симптоми на една друга разорна болест - шопингот.